Болката во рамењата е многу чест симптом, а постојат многу можни причини за овој проблем. Многу е важно да се постави прецизна дијагноза, со цел соодветниот третман да биде насочен кон лекување на причината за болката. Оваа болка најчесто се појавува како последица од тешка физичка и исцрпувачка работа како и од претерано и неправилно вежбање.

 

Зглобот на рамењата е еден од најподвижните зглобови, но со самото тоа и еден од најнестабилните зглобови во телото. Токму рамото повеќе пати дневно го користиме во секојдневните активности, како што се чешлањето, облекувањето, вежбањето, хранењето или возењето автомобил.

 

Болката во десното рамо се јавува кај мал број болести, па важно е истата да се разликува. Ако оваа болка е последица од воспаление на мускулите – ќе биде доволно неколку дена да се штеди раката и да се одмора и да се воздржувате од работи кои можат да го зголемат интензитетот на болката. Меѓутоа, ако болката е долготрајна и трае подолго од неколку недели или месеци – време е да побарате помош од доктор. Болката во десното рамо се јавува како последица од бурзитис, синдром на смрзнато рамо, повреди, синдром на карпален тунел и воспаление на тетивите. Оваа болка може да биде предизвикана и од посериозни состојби од претходно наведеното воспаление на мускулите. Оние кои се жалат на болка во левото рамо и лопатката, која не престанува ни по примена на аналгетици воглавно одат на доктор, каде им се дијагностицираат честопати јасни знаци за акутен инфаркт на срцето.

 

Ова истражување покажало дека колку се поголеми причинителите кои предизвикуваат проблеми со срцето, вклучувајќи гои високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол во крвта и дијабетесот, толку е поголема стапката на болка во рамењата.

 

Учесниците со најголем ризик причинител имале за 2-6 % поголеми шанси за болка во рамењата во однос на оние кои ги немале тие причинители. Освен тоа, шансите за тендинопатија се за 6 пати поголеми. Учесниците во ова истражување со средно ниво на различни причинители имале помали проблеми со рамењата.

 

Контролата на крвниот притисок и различните ризик фактори од срцеви болести може да ја намали болката во рамењата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина