Овие болести можат да бидат фатални ако не се откријат на време, но можете да научите да ги препознаете нивните симптоми.

 

1. Рак на јајчнците

 

Во Америка, оваа болест ја погодува секоја 75 жена. Шансите за жената да поживее пет години од настанокот на оваа болест изнесуваат само мали 46%, а овој процент може да се намали уште повеќе ако болеста не се дијагностицира на време. Повеќето симптоми се ,,тивки,, и тешко воочливи, па тука може да помогне правилната дијагноза и искусните доктори. Тие се јавуваат по правило дури откако ќе напредне стадиумот на болеста, како последица од течност во стомачната шуплина. Најчести симптоми се грчевити болки во абдоменот, кои траат поодлго од две недели, мачнини, уринарна инконтиненција, повраќање, вагинално крварење и чувство на надуеност.

 

2. Срцеви болести

 

Иако ни се чини дека знаеме се за инфарктот, некои знаци за болести на срцето можат да ни помогнат. Симптомите не се само болка во градите, потење и болки во раката. Меѓу оние први симптоми кои најавуваат посерозна состојба се краток здив, вртоглавица и замор. Ако во семејството имате историја на срцеви болести, под поголем ризик сте од овие болести и обратете поголемо внимание на промените.

3. Лупус

 

Лупусот е хронична, автоимуна болест која може да оштети било кој дел од телото – кожата, зглобовите и органите внатре во телото. Во основа, телото се напаѓа самто себеси, своите органи, a често и својот мозок, на ист начин на кој би се борелопрптив други болести. Лупусот е неизлечлив и можат да се третираат само неговите симптоми. Многу е тешко да се дијагностицира. Црвен осип на лицето во облик на пеперутка, најчесто на носот и на образите, болни и заморни зглобови, болно дишење, губење на косата, главоболки и болки во абдоменот се само некои од показателите за потенцијален лупус.

 

4. Дијабетес

 

Симптомите за дијабетес од тип 2 можат да бидат многу подмолни и лесно може да се заклучи дека се работи за минливи тегоби. Поради тоа можат да се развијат и компликации. Симптоми на кои треба да внимавате се неверојатна жед, често мокрење, губење на телесната тежина и замор.

 

5. Болест на моторниот неврон

 

Се работи за невролошко нарушување кога нервните клетки пропаѓаат до толкава мерка, што стануваат трајно оштетени. Во поодмината фаза пациентите ја губат сета своја мускулна способност и умираат. Некои од раните симптоми за оваа болест се слабеење на мускулите, грчеви, назален говор и неразбирливост.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина