Менструалниот циклус се одвива секој месец во период од 6 – 7 дена. За време на овие денови, жената може да има абнормални грчеви заедно со некои други помали проблеми, како што се главоболки и вознемирување во стомакот. Кога менструалната крв тече брзо од телото, нејзината боја ќе биде црвена или розова. Понекогаш, повеќето од жените можат да забележат црна или кафеава крв за време на периодот и тогаш се загрижуваат. Според зборовите на стручњаците, онаа крв која е темна укажува на тоа дека таа побавно истекува од телото.

Сигурно за време на еден менструален циклус имате забележано како бојата на крвта некогаш е посветла, некогаш потемна, а многу жени се соочуваат и со точкести крварења вон циклусот. Она што понекогаш може да биде знак за тревога е бојата на менструалната крв и затоа е важно да знаете на што упатуваат одредени бои и кога треба да се јавите на гинеколог.

Розова
Крвта со розова боја е карактеристиччна за крајот на менструалниот циклус. Но, ако се појави порано, на пример на средина од него, може да биде знак за рана бременост, за хормонско нарушување или за различни болести на репродуктивните органи, па најдобро е да посетите гинеколог.

Светлоцрвена
Овој вид на проток на крв е многу лесен и често се појавува по напорен ден, кога крвта брзо истекува од телото, без да има време да потемни. Не треба да се грижите – таа е сосема нормална. Проблемот настанува кога крварењето трае подолго од една недела, а крвта не станува розеникава и не бледее.

Темноцрвена
И темноцрвената боја на крвта е сосема нормална, посебно на средина од цикусот. Ако бојата не бледее и крварите подолго од обично, тоа може да биде знак за спонтано пометнување или, во најлош случај, за присуство на тумор.

Портокалово – црвена
Ова е навистина необична појава кога станува збор за менструацијата, и најчсто упатува на некаква инфекција. Со ваквата боја најчесто оди и непријатна миризба, што е знак дека морате веднаш да посетите гинеколог. Оваа боја се гледа кога крвта се меша со течностите од цервиксот. Но, исто така укажува и за постоење на некаква инфекција

Кафеаво – црна

Оваа крв долго време била во матката и вообичаено се гледа рано наутро. Иако може да ви звучи лошо, кафеавата односно црната крв е стара, заостаната крв која не истекла, туку која од некоја причина подолго се задржала во матката. Тоа можеби сте го забележале кога менструацијата ви каснела неколку дена. Во принцип се работи за нормална појава, но ако покрај неа забележите жолтеникава боја на крвта, тоа може да биде знак за инфекција.

Обилни крварења
Кај повеќето жени, барем еден ден е проследен со обилно крварење во однос на другите денови од циклусот. Тоа најчесто е вториот или третиот ден, и тоа е сосема нормална појава.

Ако пак, забележите на влошката точкести траги од крв, а не ви е време да добиете менструација, веднаш обратете се на гинеколог. Оваа појава е поради рана бременост или поради некакво хормонско нарушување.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина