Бојата на чинијата влијае врз апетитот?
Рестораните за брза храна и готвачите знаат дека бројни фактори влијаат на нашиот апетит. На пример, силните бои, како што се жолтата и црвената, во комбинација со силно осветлување ќе ве наведе да порачате повеќе и да јадете побрзо. Спротивно на тоа, со придушено светло и нежна музика ќе јадете побавно и помалку. Доктор Брајан Вонсинк, директор на лабораторијата за храна и брендови на Универзитетот Корнвел, во САД, и автор на книгата ,,Slim by Design: Mindless Eating Solutions for Everyday Life’’, се согласува дека бојата на ѕидовите, чиниите и приборот за јадење и силината на осветлување можат да влијаат на тоа колку јадеме, па дури и на тоа што јадеме. Се работи за тоа дека мора да посоти контраст помеѓу бојата на храната и бојата на садовите од кои јадеме. На пример, ако бели јагленохидрати се служат во садови кои имаат потемни бои, тоа ја истакнува разликата помеѓу боите и не прави свесни за големината на порциите. Без овој контраст ќе внесеме за 18% повеќе храна. Промената на бојата на чинијата и чинијата можат да ни помогнат во контролата на големината на порциите. Возрасните јадат за 92% било што што сами ќе го послужат, така што ако ставите многу, многу и ќе изедете.
Списанието The Journal of Nutrition вели дека големината на порциите пораснала за 138% во однос на 70-те години од минатиот век, што претставува една од главните причини за појава на проблемот со дебелината. Се проценува дека во Австралија 67% од мажите и 52% од жените се дебели, најмногу поради претераното консумирање на килоџулите.
Ако јадете пребрзо, поголеми се шансите да се прејадете или да не сфатите дека сте сити, но доколку обратите внимание на тоа како јадете т.е. ако јадете полека и со поголемо внимание – тогаш поголема е веројатноста дека ќе направите подобар избор кога се работи за храната, што може да доведе до слабеење, велат резултатите од студијата спроведена на Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард во САД. Се предлага да се користи чинија со некоја смирувачка боја, како што се на пример розовата или сивата, бидејќи така шансите се поголеми да забавите и да обратите внимание на својот оброк и опкружување.
Намалете го вносот на јагленохидратите така што ќе ги послужите на сина подлога.
Диетичарот Џена Обејд вели дека не треба во целост да се исфрлат јагленохидратите, бидејќи тие се важен елемент од избалансираната исхрана, но додава дека е важно да се следат порциите – една четвртина од чинијата е идеална порција. Ако сте склони на претерано консумирање јагленохидрати, не ги послужувајте во бели садови. Наместо тоа користете садови во црвена, темносина или црна боја.
Помали садови/порции
Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, Велика Британија, велат дека теоријата за малите садови/малите порции е мит. По експериментот со пуканки, тие заклучиле дека ,,учесниците јаделе повеќе кога користеле помали садови,,. Тие исто така додаваат дека помалите чинии значат дека се поголеми шансите дека тогаш ќе земете и репете.
Престанете да јадете меѓу оброците со помош на завиткани слатки во фолија
Околу 96% од Австралијанците јадат меѓу оброците, покажуваат резултатите од испитувањето извршено од страна на агенцијата Нилсен од 2014 година. Погрешната ужина (како што е онаа со висок процент на шеќер) или преголемата порција можат да доведат до дебелење. Ако сакате нешто да сочувате за ужина, тогаш најдобро е слаткото да го завиткате во фолија. Така нема визуелно да дојдете во искушение.
Јадете помала порција десерт во чинија со спротивна боја
Институтот за глобално здравје Џорџ, во Сиднеј, Астралија, утврдило дека половина Австралијанци јадат повеќе од двојно од препорачаната дневна доза на шеќер, и тоа 60 грама дневно во просек; Светската здравствена организација советува внесот да се намали на 25 грама.