Доколку забележите засилено опаѓање на косата, не мора да се плашите дека за тоа се одговорни хемикалиите кои се наоѓаат во бојата за коса. Имено, боењето на косата може да резултира со иритација на кожата, но нема да влијае на опаѓањето на косата. Доколку често ја боите косата, врз база на искуствата ќе знаете колку боја може да ви поднесува косата и кожата на главата.

Причинителите за опаѓање на косата можат да бидат сосема други – хроничен стрес, психосоматски болести, болести на некои органи, ревматизам, зголемена телесна температура, бременост, анемија, нарушување на метаболизмот, инфекции, алкохолизам и пиење на некои лекови, како што се оние за контрацепција, за црн дроб, дијабетес и т.н. Во повеќето случаи опаѓањето на косата престанува кога ќе се отстранат овие причинители. Тогаш косата самата се обновува во рок од два до три месеци.

Доколку губите повеќе влакна отколку што добивате, сигурно ќе сакате да преземете нешто за да го спречите тоа. Во продолжение прочитајте неколку едноставни совети како да го сочувате и подобрите здравјето на вашата коса.

1. Одбегнување алкохол

Алкохолните пијалоци влијаат на губењето на косата со тоа што го забавуваат растот на влакната. Ако сакате косата да си го врати стариот сјај, намалете го или целосно исфрлете го алкохолот од вашиот живот.
2. Престанете да пушите

Пушењето го намалува протокот на крв во коренот, што доведува до намалување на растот на косата. Исто така, отровните материи во цигарите ги поткопуваат здравите клетки. Ако сакате да имате убава коса, кажете им НЕ на цигарите.
3. Изградете силна коса со помош на протеините

Со оглед на тоа дека косата е составена од белковини, нивниот недостиг може да доведе до опаѓање. Вклучете во исхраната млечни и растителни белковини. Јадете многу ориз, пченка, пченица, јачмен или пијте протеински шејк од сурутка.

4. Помогнет и на косата со витамин Ц

Витаминот Ц е еден од условите за здрава коса. Агрумите, во кои спаѓаат портокалите и лимоните, се посебно богати со витамин Ц, исто како и зелените пиперки. Предложената доза е 1000 до 3000 мг. дневно, но ако сте склони кон бубрежни каменчиња, ограничете ја дозата на 500 мг.

5. Заштитете ја косата

Витамините од Б комплекс се неопходни за раст на косата, бидејќи ја поттикнувата циркулацијата на темето и ја ублажуваат стресната реакција на организмот.


6. Нахранете ја косата со витамин Е

Витаминот е уште еден нутритиент потребен за раст на косата, бидејќи исто така ја поттикнува циркулацијата на темето. Земајте го со храна или директно нанесувајте го на коренот. Богати извори на овој витамин се растителните масла, семките, бадемите и кикиритките.

7. Додајте витамин А за сјај

Витаминот А и ги враќа на косата сјајот и виталноста. Овој витамин делува на синтезата на мастите во фоликулите и така го забрзува растот на косата. Кељот, тиквичките и морковите се намирниците кои изобилуваат со овој витамин.

8. Забрзајте го растот

Железото ја поттикнува циркулацијата во коренот и така го забрзува нејзиниот раст. Бадемите, спанаќот и кајсиите се богати извори на железо.
9. Пијте многу вода

Четвртина од секое влакно е вода. Треба да се пијат дневно најмалку четири до осум чаши вода. Најдобро е да се пие изворска или прочистена вода.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина