Комбинацијата од жолта и црвена боја го зголемува апетитот, а сината го намалува. Секоја боја носи специфично значење. Покрај сината боја полесно заспиваме, додека розовата секогаш ни мами насмевка на лицето. Боите влијаат на нашето расположение и однесување. Еве кои се значења тие ги кријат во себе.

 

Црвената е првата боја која ја гледаме

Неодамнешните испитувања покажале дека дури и новороденчињата стари само две недели можат да ја видат црвента боја, која има најдолга бранова должина меѓу боите. Црвената е боја на енергијата, страста и акцијата. Таа ја засилува желбата за храна. Ако сме опколени многу со оваа боја, можеме да станеме раздразливи, вонемирени и лути. Оние кои ја истакнуваат црвената боја се екстровертни, оптимисти и храбри.

Сина – омилена боја во светот

Од перспектива на психологијата, сината боја е боја на довербата, сигурноста и одговорноста. Го намалува стресот и дава чувство на смиреност, па е идеален избор за дневната или спалната соба.

Покрај тоа, таа го забавува метаболизмот, па се препорачува за кујната ако сакаме да го намалиме апетитот. Оние кои ја сакаат оваа боја се конзрвативни и промислени и не сакаат да е во центарот на вниманието.

Боја која се одбегнува во авионите

Жолтата боја предизвикува мачнини, а често се смета за најиритантна боја поради претераното стимулирање на очите. Иако не е пожелна во авионите, чест избор е во становите или канцелариите. Таа поттикнува креативост, оптимизам и подобра перцепција. Но, премногу жолта боја предизвикува вознемиреност и емоционална нестабилност. Како и црвената и оваа боја е главен поттикнувач на апетитот. Љубителите на жолтата боја се креативни и перфекционисти.

Без лутење

Розовата боја ги потиснува бесот и нервозата. Затворите и установите за ментално здравје често ги бојат ѕидовите со оваа боја за да можат да ги контролираат агресивните однесувања на затворениците и пациентите. Во психологијата розовата боја е знак за надеж. Ги зајакнува нашите емоции и го ублажува чувството на лутина. Оние кои ја сакаат се чувствителни, великодушни и пријателски расположени.

Која боја има фантазијата?

Виолетовата боја се однесува на фантазијата и духовитоста. Ако сте во потрага по идеалната боја со која ќе ги обоите ѕидовите на канцеларијата, тогаш дефинитивно оваа боја е за вас. Поттикнува на создавање и оригиналност, но треба внимателно да се користи, бидејќи премногу виолетова може да доведе до чувство на депресија. Ако ова ви е омилената боја, вие сте креативни, сакате да делувате индивидуално и сте чувствителни.

Црн-бел свет

Иако овие ахромтски бои не се наоѓаат во спектарот, ние често ги ставаме н исто место со црвената, сината, елената и другите ,,шарени,, бои.

Белата боја означува чистота и нови почетоци. Оваа боја е одбрана поради идејата за надеж и нов почеток. Таа е често омилена боја во време кога минувате низ минлив период од животот.

Црната боја претставува моќ и контрола, а била една од првите бои во уметноста. Таа е одраз на контрола, независност и силна индивидуалност во психологијата. Уште праисториските уметници користеле црн јаглен и минералите од железото за да создадат црн пигмент за боја на ѕидовите на пештерите.

Тагови: боиИсхрана
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина