Прекрасниот црвен корен помага во лекување на грип и ги намалува маснотиите во крвта. Бидејќи во својата содржина има и мало количество кобалт, кој учествува во создавањето на витаминот Б12 (неопходен за производство на црвените крвни зрнца), а кој е многу редок во намирниците од растително потекло, тој е еден од најдобрите природни лекови за лекување анемија. Посебно им се препорачува на вегетаријанците во секојдневната исхрана. Од цвеклото се употребува целото растение, иако најлековит е неговиот подземен дел, кој се вади во есен и може да се вари, пече или да се стави во туршија.

Потквасот од цвеклото и неговите погодности по здравјето на човекот

Потквасот од цвекло е пробиотички тоник кој се добива со ферментација, а го популаризираше книгата за традиционална исхрана Nourishing Traditions. потквасот е традиционален руски пијалок кој се прави од трева, ржен леб со вода, сирило и малку сол. Многу често за добивање специфичен вкус се ставаат јаболки или зрнесто овошје. Оваа верзија што ќе ви ја претставиме подолу во текстов се подготвува исклучиво со цвекло, чии вкусови преовладуваат повеќе од солта, што на некои луѓе не им одговара.

Поради тоа што е спој од здрави состојки од цвекло и ферментирана храна, овој тоник е одличен за прочистување на организмот. Цвеклото е познато како одличен антиоксидант и како таков е многу добар во превентивата од кардиоваскуларните болести, дијабетес, а се тврди и дека има и антиканцерогени материи во себе. Со ферментацијата при подготвување на потквасот се зголемуваат сите нутритивни особини и се подига нивото на ензимите и Б витаминот. Исто така, се ослободуваат добрите бактерии, кои го зајакнуваат имунитетот и го чуваат здрав дигестивниот систем.

Ако ве загрижува употребата на сирилото, нема потреба, бидејќи тоа се култури од кои се прават сирењето, јогуртот и кефирот.

За потквас од цвекло е потребно:

  • Сирило

  • 2 лаж. морска сол
  • околу 1,5 кг. свежо цвекло

Измешајте ги солта и сирилото со неколу лажици вода додека не се стопат целосно. Цвеклото измијте го, излупете го и исечете го на парчиња. Ставете го во сад за ферментација, прелијте го со мешавината и до врвот прелијте го со вода (по можност со филтрирана). Оставете го да ферментира најмалку седум дена на собна температура пред да почнете да го употребувате. Шолја од ваквиот потквас може да се користи за уште две ферментации. Само додајте цвекло, вода и сол. Потквасот треба да се пие секој ден за време на јадење. Може да се измеша и со минерална газирана вода и мраз. Ова е препорака од нутриционистите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина