Биполарно афективно нарушување е второ име за маничната депресија. Тоа е големо афективно нарушување или нарушување на расположението кое се карактеризира со драматични промени на расположението. Ова нарушување е сериозна состојба, комплексно нарушување во кое манијата предизвикува несоница која понекогаш трае со денови, проследено е со халуцинации, идеи за големината и делузија за односите.

Промените на расположението се големи, од депресија до манија или екстремно восхитување. Тие можат да варираат од многу лесни до есктремни, а можат да се случуваат постепено или одеднаш во рок од неколку минути до неколку часови.

Покрај драматични промени на расположението, кај пациентите со биполарно нарушување можат да постојат и нарушувања во областа на мислењето, нарушување на перцепцијата и социјалното функционирање.

Ова нарушување се појавува помеѓу 15 и 24 година од животот и трае цел живот. Ретко може да се види дијагностицирана манија кај деца или кај возрасни постари од 65 години. Сериозноста на симптомите варира кај секој пациент. Иако некои луѓе имаат само неколку симптоми, кај други симптомите им ја нарушуваат можноста да работат и живејат нормален живот. Стапката на влошувања или рецидиви кај биполарното нарушување е висока, ако не се лекува. Пациентите со тешка манија обично треба да се хоспитализираат со цел да се спречи ризичното однесување. Оние кои се сериозно депресивни, исто така можат да бидат често хоспитализирани за да е спречи самоубиство. Околу 90% од болните со биполарно нарушување имаат барем една психијатриска хоспитализација. Двајца од тројца пациенти ќе имаат две или повеќе хоспитализации во нивниот живот.


Клинички симптоми на депресијата биполарно нарушување се:

  • намален апетит и/или губење на телесната тежина или прејадување и дебелеење
  • намалена конценрација, заборавеност, тешко донесување одлуки
  • замор, намалена енергија, чувство на „забавеност”, вина, бзнадежност несигурност, песимизам и беспомошност
  • инсомнија, будење рано наутро или подолго спиење
  • губење интерес или задоволство во активностите во кои некогаш уживале, вклучувајќи го и сексот
  • трајни физички симптоми кои не реагираат на лекување, како што се главоболка, пречки во варењето и хронична болка
  • чувство на тага, вознемиреност или чувстувањепразнина
  • немир, раздразливост
  • размислување за смрт и самоубиство, обиди за самоубиство

 

Знаци за хипоманија кај биполарното нарушување се:

 

  • намалена потреба за спиење
  • екстремно фокусирање на проекти на работното место или дома
  • веселост и восхитувачко расположение
  • зголемена безбедност
  • зголемена креативност и продуктивност
  • зголемена енергија и либидо
  • ризично однесување

 

Клинички знаци за биполарно нарушување се:

  • испрекинати и брзи мисли
  • грандиозни идеи
  • претерано восхитување
  • претерана раздразливост
  • воочливо социјално однесување
  • зголемена сексуална желба
  • логореја
  • чувство на вишок енергија
  • отежнато расудување
  • несоница
Како се дијагностицира биполарното нарушување?

 

Како и кај повеќето биполарни нарушувања, не посоти лабораториски тест или рендген за дијагноза на биполарното наршување. По извршување на лекарскиот преглед, докторот ќе ги процени симптомите. Тој исто така ќе праша и за личната и семејната историја. Лабораториски тестови можат да се направат за да се исклучат други сериозни болести кои можат да влијаат на расположението. Покрај тоа, докторот можеби ќе сака да разговара со членовите на семејството дали можат да идентификуваат кога за првпат се појавила восхитеноста. Манијата често влијае на размислувањето, расудувањето и на социјалното однесување на начин на кој предизвикува сериозни проблеми и непријатности. Раното дијагностицирање и ефикасното лекување се многу важни кај пациентите со биполарно нарушување.

 

Како се лекува биполарното нарушување?

 

Третманот за лекување на биполарното нарушување може да вклучува користење стабилизатор за расположение, како што е литиумот. Исто така за оваа цел можат да се користат и антиконвулзиви, антипсихотици и бензодиазепини. Понекогаш се даваат и антидепресиви во комбинација со овие стабилизатори на расположението, за да ја зајакнат таа стабилност во депресивната фаза.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина