Состојки:

200 гр. бело брашно без глутен

1 лажичка сол

3 лажички прашок за пециво без глутен

284 мл. маштеница

3 јајца

1 лажичка пасирани домати

2 лажици маслиново масло

50 гр. сецкани сушени домати

25 гр. пармезан

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете и побрашнете го плехот за печење. Помешајте ги брашното, солот и прашокот за пециво. Во посебен сад измешајте ја маштеницата, пасираните домати и маслото. Измешајте ги во брашното и додајте им ги сушените домати и половина од пармезанот.
Ставете го тестото во плехот за печење и наросете го одозгора со пармезан. Печете го лебот околу 55 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина