Овие ,,шпагети,, со сирење и лук имаат многу малку јагленохидрати. Одличен оброк се за оние кои следат low carb исхрана, но и за оние кои го одбегнуваат глутенот. Освен тоа, ова е оброк со многу малку калории, погоден за вечера

Состојки:

300 гр. брокула

1 морков

1 филџан доматно пире (или филџан свежи домати)

1 лажилка сецкан лук

1 лажичка кромид

3 лажички тврдо сирење

малку црн пипер

лута црвен пипер

малку кокосово масло

Подготовка:
Стебленцата брокула исецкајте ги на стапчиња, а цветовите иситнете ги. Морковот исто така исецкајте го на стапчиња. Во тава ставете малку кокосово масло и загрејте го на средна температура. Додајте ги стапчињата брокула и ¼ филџан вода. Мешајте одвреме – навреме и динстајте додека не испари цела вода, а брокулата не омекне (потребни се 5 до 8 минути). Додадете го доматното пире (или свежите домати), сол, црн пипер, црвен пипер и лажичка рендано сирење. Промешајте и продолжете да динстате 3 – 4 минути се додека сите состојки не станат врели. Послужете со рендано сирење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина