Ако ги имате овие проблеми, можно е да страдате од недостаток на селен и затоа треба да внесувате повеќе храна која е богата со овој минерал. Селенот е неопходен за правилно функционирање на организмот и заштита од болести. Еве како да откриете дали ви недостасува овој важен минерал.

 

Селенот влијае врз имунитетот, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем, плодноста и заштитата од инфекции. Истражувањата покажуваат дека неговиот недостаток поме да предизвика различни типови карциноми и да ги наруши когнитивните функции, но на ова поле треба да се направат уште многу научни анализи. Симптомите кои укажуваат на негов недостаток се: неплодност кај мажите и жените, чувство на слабост во мускулите, постојан замор, често заборавање, опаѓање на косата и слаб имунитет. Од недостаток на селен патат оние луѓе кои ретко јадат храна богата со селен или кои воопшто не ја јадат, но и пациенти кои одат на дијализа,имаат ХИВ или оние кои имаат заболување на дигестивниот тракт (Кронова болест). Ако чувствувате некои од овие симптоми, обратете се веднаш на доктор. Ако имате многу ниско ниво на селен, можно е да ви препишат таблети со селен, а храна која е најбогата со овој минерал е бразилскиот орев, оризот, грашокот, лебот од цело зрно пченица, јајцата, сирењето и туната.

 

Кардиоваскуларните болести можат да се спречат со промена на начинот на живот, а за да се одбегне срев удар не смее да се запостави високиот крвен притисок, бидејќи тој е еден од поттикнувачите за негово добивање. Ако патите од зголемен крвен притисок, редовно контролирајте го и не ги запоставувајте симптомите и препишаната терапија. Важно е исто така да се промени начинот на исхрана, на пример, да се исфрлат оние кои содржат заситени мати. Се препорачува на менито редовно да се има црна чоколада, лук, портокали, леќа, кељ и нар, кои делуваат позитивно врз здравјето на срцето, додека бадемите, оревите, кикиритките, пистациите и сардините го регулираат холестеролот.

 

Стручњаците истакнуваат дека значително се намалува ризикот од срцев удар ако се одбегнуваат стресни ситуации, алкохол и пржена храна. Исто така, важно е редовно одење на контроли и проверка на притисокот, шеќерот во крвта, холестеролот и индексот на телесна маса. Покрај исхраната и лекарските контроли, пресудна е и физичката активност. Секако, не треба да се префорсирате, долго да трчате или да правите тешки вежби, посебно ако имате проблеми со срцето, но лесното раздвижување може само да годи.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина