Иако базенот е одлично место за рекреација и тренинг, секогаш на ум ќе ви биде фактот дека сте ограничени и дека на крај ќе удрите во работ на базенот. Меѓутоа, бесконечниот базен е нешто сосема поинакво и тој ќе ви пружи бесконечно пливање во еден правец.

Што значи бесконечен базен и за што служи?

 

Можеме слободно да кажеме дека овој базен е фитнес опрема која е посебно дизајнирана за да им овозможи на пливачите да имаат најдобро пливачко искуство и генијален тренинг. Базенот е со мали димензии и многу не се разликува од нормален базен во кој пливате. За разлика од другите базени, овој базен во себе содржи потиснувачи, коишто ја туркаат водата, која со кружни движења се врти во водата. Тоа значи дека во овој базен се грижи вештачка струја, која струи спротивно од правецот кон кој пливате, па така во базенот постојано ќе бидете на едно место. Тоа ви овозможува бесконечно да можете да пливате во еден правец, без да се поместувате.

 

 

 

 

Во ваквиот базен имате чувство исто како да пливате, додека мускулите ќе ви бидат под постојан напор, а всушност нема ни малку да се поместувате. Токму поради оваа можност ваквите базени станаа неверојатно популарни и веќе сите фитнес центри се трудат да ги имаат во своите простории. Не заземаат многу простор, а даваат можност исто како да сте во бескраен океан или море.

 

Меѓутоа, во него не морате само да пливате. На дното од базенот има лента за трчање, па можете да трчате во водата и на тој начин дополнително да го отежнете својот кардио тренинг.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина