Маслото од сенф има контрадикторна репутација во различни делови од светот низ годините. Многу е популарно во Индискиот потконтинент, посебно во источните делови на Индија и во Бангладеш. Таму го користат како масло за јадење и се смета за многу здраво, додека, пак, во остатокот од светот многу често се смета за токсично и несоодветно за јадење. Во некои делови од Европа, пак, постои дури и забрана за негово продавање, додека во некои земји се продава исклучиво како масло за масажа.

Есенцијалното масло од сенф е сосема различно од Маслото од сенф, не во поглед на тоа што е екстрахирано од нешто друго, туку во поглед на процесот на екстрахирање, хемиската композиција и медицинските примени. И двете масла се добиваат со екстракција на семето на сенфот, кое го носи научното име Brassica Nigra (Црн Сенф) или Brassica Hirta (Бел Сенф).

Белиот сенф се екстрахира со студена компресија на семето од сенфот, неговото есенцијално масло се екстрахира со парна дестилација на семето од сенф потопено во вода, и тука е големата разлика. Семето од сенфот (црн или бел) во себе ги содржи ензимите Миросинас и Гликосинолат наречен Синигрин. Овие два остануваат изолирани во семињата од сенфот под нормални услови, но реагираат кога семињата се подложени на притисок или топлина. Во присуство на вода, овие две компоненти реагираат за да формираат Алил изотиоцијанат Allyl Isothiocyanate (во случајот кај црниот сенф) и нормален Изотиоцијанат (во случајот со белиот сенф), кој е токсична состојка.

 

Бенефити од маслото од сенф

Стимуланс: Есенцијалното масло од сенф е многу силен стимуланс, исто како и маслото од сенд. Посебно е ефикасно при стимулација на циркулацијата, варењето и излачувањето. Се користи надворешно, со цел за масажи. Ефектите се видливи веднаш – кожата поцрвенува. Го стимулира и варењето преку стимулирање на излачување на гастричните сокови и на жолчката од црниот дроб и слезината. Секреторниот систем е исто така стимулиран од ова масло, бидејќи движењето на перисталтиката се активира.

Надразнувач: Иако надразнувањето многу често не се смета за добро, во некои одделни случаи може да биде корисно. Надразнувањето не е ништо друго туку начин на кој еден орган реагира на надворешен агенс или стимул. Исто така покажува дека органот реагира на надворешна стимулација. Токму тука лежи потенцијалната полза. Ова може да се искористи за да се поврати чувството кај оние органи кои патат од здрвеност или недостиг на чувство. Се користи и за градење на мускулите и стимулирање на нивното растење или поттикнување.

АнтибактерискиОва есенцијално масло има бактерицидни односно антибактериски својства. Внатрешно, се бори против бактериските инфекции на дебелото црево, дигестивниот систем, екстреторниот систем и уринарниот тракт. Земано надворешно, може да лекува бактериски инфекции на кожата.

АнтигабичноМаслото од сенф служи и како антигабичен агенс, поради присуството на Алил изотиоцијанатот. Не дозволува раст на габите и исто така го инхибира ширењето на инфекциите ако веќе се имаат формирано.

Топол: Ова масло создава чувство на топлина. Тоа го загрева внатрешниот систем како што е респираторниот и го штити од формирање и таложење на слуз. Исто така, до извесен степен го загрева телото во зимскиот период. Ова делумно се должи на неговите стимулативни и благо иритирачки ефекти.

Диуретик: Го поттикнува потењето и кога е консумирано и кога се нанесува надворешно. Тоа ги стимулира потните жлезди да лачат повеќе пот, а во исто време ги поттикнува отворањето на порите на кожата. Ова помага при намалување на телесната температура како и на отстранувањето на токсините, прекумерната сол и водата од телото.

Тоник: Ова масло служи како тоник за целото тело. Го тонира целото тело, дава сила и го зајакнува имунолошкиот систем.

Антиревматик и антиартритик: Есенцијалното масло од сенф ги олеснува симптомите на ревматизам и артритис и за оваа цел се користи уште од древни времиња.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина