Во традиционалната медицина најчесто се употребува кората од бела врба, и тоа како лек против болки и зголемена телесна температура. Иако белата врба е многу побезбедба од “аспиринот”, нејзината долготрајна употреба не е препорачлива, бидејќи константната акумулација на салицин може да предизвика оштетување на слузокожата на желудникот. Затоа после 45 денови се прави пауза.

 

Артритис

 

Се вари половина лажица исушена кора од врба со 250 милилитри вода, 10 минути, Потребно е да се пијат околу пет шолји од овој чај дневно. Во тој случај дневниот внос на салицин би требалоа биде од 60 до 120 милиграми.

 

 

Главоболка

 

 

Се мешаат 100 грама исупена врбова кора со 100 грама кончарка. Добиената смеса се прелива со 600 лимилитри студена вода и една супена лажица шеќер. Сите овие состојки се зовриваат и се оставаат на тивок оган да варат уште две минути. Кога чајот ќе се тргне од огнот, му се додаваат две лажици листови маточина, околу 50 грама, и се остава да отстои 30 минути. Се пие во еднакви голтки во текот на целиот ден.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина