Белата имела (латинско име Viscum album) уште е позната по имињата мела, мелина,виск или омела. Сигурно некогаш, на почеток на зимата имате видено округла грмушка со бели плодови. Тоа е белата имела, многу интересно растение кое опстојува така што од своите ,,домаќини,, ја краде водата богата со минерални материи. Иако е паразит, белата имела е сепак познато лековито растение уште од времето на Хипокрит и Плиниј. Германите ја сметале за силно магиско оружје, келтските друиди ја користеле во обредите за правење напитоци за сила, храброст и непобедливост, додека до денешен ден во Тирол се користи како традиционално средство против уроци и се нарекува ,,вештерска метла,,. Нордиските народи, пак, и припишувале ,,боженствени својства,, и се верувало дека го поттикнува либидото, плодноста и љубовта.

Како изгледа?

Стеблото на имелата има разгранати гранчиња, на чии краеви се наоѓаат по два долги зеленкасто – жолти листови. Цветовите на имелата се жолтеникави, полни со леплива содржина и црни семиња. Со слузавите бобинки на имелата се хранат птиците, кои на тој начин ги пренесуваат од дрво на дрво. Семето со своите лепливи нитки се врзува за кората на дрвото, почнува да рти на него и се развива во возрасно растение. Имелата цвета во април, а плодовите и созреваат на почеток на зимата.

Лековити материи

белата имела е богата со полипептиди, биофлавоноиди, хистамин и аниним. Сепак, хемискиот состав и лековитиста зависат и од дрвото на домаќинот на кое имелата живее. Докажано е дека имелата која расте на дрво од круша најдобро го стабилиза крвниот притисок, додека онаа од јаболкница многу послабо.

Што лекува?

Имелата го подобрува метаболизмот и работата на органите за варење. Посебно добри ефекти има врз срцето, било да се работи за ангина пекторис, постинфарктни состојби, срцеви слабости по прележани инфективни вирусни болести или кај старечко измоено срце и слабости на срцевиот мускул.

Освен за лекување на висок крвен притисок, имелата лекува артериосклероза, нарушувања на срцевиот ритам, слабости на нервниот систем, несоница и многу други болести. Ако патите од хроничен запек, тогаш од голема корист ќе ви биде исто така. А, покрај тоа имелата го нормализира лачењето на жолчката и ги отстранува причините за појава на шеќерна болест – дијабетис.
Лековитите материи од ова растение го нормализира протокот на крв и ја урамнотежува работата на срцето. Освен тоа, имелата е најдоброто средство за лекување на заболувања предизвикани од засилената работа на штитната жлезда.

Тинктура, чај, екстракт

Чај Полна лажичка листови и гранчиња од бела имела се става во филџан и се прелева со 2 дл. вода и се остава да отстои преку ноќ. Наутро чајот малку се загрева, се процедува и се пие.

Воден екстракт Измешајте лажичка прав од имела со 2 дл. вода. Оставете да отстои 4 часа, а потоа процедете. Се пие по 1 дл. наутро и навечер. Правот се добива така што суви листови се мелат и се толчат во аван додека не се преворат во прав, кој потоа се чува во херматички затворен сад.

Тинктура Иситнете 200 гр. листови имела, прелијте ги со 1 л. ракија, оставете го да отстои три недели и процедете. Земајте по една лажичка тинктура со 2 дл. течности по избор, два до три пати на ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина