Бамјата (лат. Abelmoschus esculentus), е една од најстарите здрави намирници и веќе се враќа во бројни кујни. Сепак, за неа се уште не се зборува многу поради тоа што повеќето луѓе не знаат ни како изгледа, ни каков вкус има, ниту што се поседува. А ократа, како што уште ја нарекуваат бамјата, била користена во исхраната уште пред три ипол милениуми, посебно во фараонскиот Египет.

 

За нејзиното исклучително влијание врз мазноста и затегнатоста на кожата знаела и Клеопатра, додека древните записи велат дека во долината на Нил се одгледувала векови пред Христос. Поради своите афродизијачки својства, била омилено јадење на беговите, за што најмногу сведочат Беговата чорба и Бајрамската бамја.

 

Ова трајно растение од семејството на слезот расте до еден метар висина. Плодот по форма е долгнавест, со ребреста структура која е лесно сварлива, сочна, а по вкус има пријатен вкус. За исхрана се користат само младите, незрели плодови, кои при варење се рапаѓаат и ослободуваат мноштво ситни семчиња, кои се исклучително богати со белковини и масти.
Бамјата изобилува со растителни влакна, кои се важни за оддржување на нормалното ниво н холестеролот во крвта, добрата дигестија и стабилизирањето на нивото на шеќерот во крвта.

 

Содржи и бројни минерали и витамини, посебно оние од Б-групата (најмногу Б1, Б1 и Б6) кои се важни за оддржувањето на сигурна и здрава бременост. Со производството на фолатите, бамјата ги спречува вродените маани и помага плодот да расте и да се развива нормално.

 

Ви,таминот Ц, кој исто така го има во завидни количини, спречува настанок на дијабетес, односно ги ублажува симптомите во случај ако веќе се појавила оваа болест. Ефикасен е и во случаи на астма и други респираторни проблеми. Витаминот Ц од бамјите, исто така, ја подмладува кожата, го поттикнува растот и регенерацијата на нејзините ткива и на тој начин ја подобрува продукцијата на колагенот.

 

Содржи и полисахариди кои делуваат стимулативно на организмот и крвотокот, па со самото тоа доведува до подобро функционирање на мозокот, односно на меморијата и когнитивните способности.

 

Во бамјата се наоѓаат и мноштво антиоксиданси, од кои е посебно важен рутинот, бидејќи придонесува за цврстина на малите крвни садови, како и кверцетин, кој ги чува дишните патишта, бидејќи помага за елиминација на слузата.

 

Официјалните истражувања потврдиле дека редовното консумирање бамји го намалува ризикот од настанок на бубрежни болести, посебно оние предизвикани од дијабетесот. Со оглед на тоа дека е пребогата со диетални влакна, го подобрува здравјето на дебелото цево, но и на целиот дигестивен тракт. A важниот следбеник во него, витаминот А, придонесува за зачувување на здравјето на целата слузокожа на овие органи, како и за нивното нормално функционирање.

 

 

Маска за лице од бамја

 

Од бамјата може да се направи одлична маска за лице. Еден грст бамји се варат во вода додека да омекнат целосно, потоа се гмечат, се ладат и се нанесуваат на лицето. По пет минуто лицето се мие. Добро упатените велат дека ефектот од нивното делување е веднаш видлив.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина