Се што го блокира протокот на урината или го спречува мочниот меур целосно да се испразни може да доведе до пораст на бројот на бактериите во урината. Нестерилна урина значи дека постојат бактерии во урината, но не и симптоми за инфекција на мокрачните патишта. Ако сте здрави, оваа состојба обично не е проблем, ниту нешто што докторот треба да го проверува. Меѓутоа, ако здравјето ви е нарушено, бремени сте или сте имале трансплантација на бубрезите, бактериите во урината можат да доведат до дополнителни компликации. Ако исполнувате еден од овие услови, ќе ве тестираат на асимптоматска бактериурија.

 

Што е причина?

 

Урината обично е стерилна и не содржи бактерии. Сепак, мал број бактерии можат да се најдат во урината кај голем број здрави луѓе. Тоа обично се смета за безопасно. Но, одредена количина бактерии може да значи дека мочниот меур, уретрата или бубрегот се инфицирани. Накусо, се што го блокира протокот на урината или го спечува меурот од целосно празнење може да предизвика пораст на бројот на бактериите во урината. На пример, бубрежен камен, тумор или зголемување на простата кај мажите може да доведе до ваква блокада, додека обичната симптоматска бактериурија не треба да се лекува кај дијабетичарите, постарите луѓе или оние кои носат траен катетер, таа треба активно да се бара кај трудниците.

 

Овој проблем почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, бидејќи женската уретра (цевчето кое го празни мочниот меур) е покуса. Кустаа уретра им олеснува на бактериите од ректалниот или гениталниот дел пристап кај меурот. Тоа може да се случи за време на сексуални односи или при бришење за време на голема нужда. До повеќето инфекции на мокрачниот систем доаѓа лесно. Бактериите може да влезат во урината и преку крвотокот, но тоа е реткост.

 

Како се дијагностицира?

 

Како што и кажува и самото нејзино име, таа нема симптоми. Најчесто се дијагностицира со помош на примероци од урина или со крвни анализи. Ако наодите повеќе пати покажуваат дека има бактерии во урината, се прават дополнителни анализи или со помош на ултразвик и рендген се прегледуваат бубрезите.

 

 

Како се лекува?

 

Ако сте здрави, асимптоматичната бактериурија обично не е проблем и не бара лекување. Но, ако исполнувате некои од здравствените услови во кои таа може да биде проблем, докторот може да ви препише антибиотик. Тоа најчесто се случува ако:

 

  • сте бремени – инфекција може да биде причина за мала породилна тежина или прерано породување;
  • ќе се спроведуваат анализи на мочниот меур или ако се оперира некој орган од мокрачниот систем;
  • постои блокада на мокрачниот систем, како што е бубрежен камен.

 

Доколку сте лекувани со антибиотици, урината ќе мора повторно да ви се анализра откако ќе ги испиете сите лекови. Во некои случаи, редовната контрола на урината со брзи домашни тестови наместо со антибиотици може да биде подобра терапија. Вашиот матичен доктор ќе одреди која терапија е подобра за вас.

 

Сами можете да сипомогнете со тоа што ќе пиете многу вода во текот на денот.

 

Како да се спречи асимптоматската бактериурија

 

Следниве чекори го спречуваат повторувањето на бактериуријата:

  1. пиење многу течности,
  2. редовно мокрење и целосно празнење на мочниот меур,
  3. оддржување на интимниот дел чист,
  4. мокрење пред и по сексуален однос,
  5. носење памучна долна облека,
  6. одбегнување тесна облека во делот кај гениталиите,
  7. да не се носи мокар костим за капење или гаќички за капење предолго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина