Состојки:

 

  • 3 модри домати
  • 100 гр, тахини (путер од сусам)
  • 1 рамна лажичка нерафинирана морска сол
  • 3 лажички сок од лимон
  • 3 чешниња лук
  • 1/8 лачичка чили во прав
  • 1/2 лажичка мелен ким
  • грст листови магдонос (или свежо нане)
  • малку маслиново масло и црвен пипер за сервирање

 

Подготовка:

 

Загрејте ја рерната на 190 степени. Секој модар домат прободете го неколку пати со врвот од ножот. Потоа ставете ги во рерна да се печат околу 20 до 30 минути, додека не станат сосема меки и не загорат на површината. Потоа извадете ги и оставете ги да се оладат, покриени со кујнска крпа. Оладени излупете ги и ставете ги во блендер. Иситнете ги заедно со останатите состојки (освен маслиновото масло и црвениот пипер), додека не добиете мазна и хомогена смеса. Додадете по свој вкус уште малку лимон и сол. Сервирајте го намазот со малку маслиново масло, одозгора наросено со црвен пипер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина