aspirin_1

Аспиринот го нарекуваат чудо од лек, бидејќи е широко применлив. За разлика од повеќето лекови, тој дејствува како лек против болки, ја намалува високата температура и како антикоагуланс (ја намалува способноста за згрутчување на крвта).

Голем број луѓе секојдневно посегнуваат за аспиринот, верувајќи во неговите општи здравствени придобивки, често поддржани со научни докази. На пример, истражувањата покажале дека секојдневното земање на аспирин може да ги намали шансите за рак на дебелото црево за дури 68 проценти, додека една нова студија покажа дека кај жените ги намалува шансите за рак на јајчниците за 20 проценти.

Сепак, доколку го земате секојдневно превентивно и на своја рака, постојат неколку работи за неговите ефекти кои би требало да ги знаете .

1. Ја зголемува загубата на фолна киселина во урината и крвта кај луѓето кои страдаат од артритис. Фолната киселина е од суштинско значење , за да можеме да се справиме со стресот, за посилен имунитет и како коензим кој обезбедува правилно функционирање на многу биохемиски реакции во телото. За да ја надоместиме изгубената фолна киселина, лекарите препорачуваат 400 mcg фолна киселина дневно.

2. Аспиринот може да предизвика крварење во дигестивниот систем, што предизвикува загуба на железо. Долготрајното губење на железо води до анемија. На анемија се особено чувствителни жените за време на менструалните циклуси. Секако треба да ги проверите количините на железо во крвта . Доколку анализите покажат дека имате недостаток на железо во крвта, ќе ви бидат потребни суплементи за железо .

3. Аспиринот може да го истроши витаминот Б12 кај луѓето со срцеви заболувања. Исто така, во некои случаи, може да го оштети желудникот, орган кој игра клучна улога во апсорпцијата на витаминот Б12. Витаминот Б12 е од суштинско значење за постигнување на рамномерен баланс на енергијата, расположението, помнењето и функционирањето на нервниот систем. Суплементите кои го содржат витаминот Б12 ќе помогнат во проблемите со недостатокот на овој витамин.

4. Аспиринот може да го исцрпи витаминот Ц од организмот. Витаминот Ц е потребен за правилното формирање на коските и забите, варењето и формирањето на крвните зрнца. Помага и при зацелување на раните, потоа за производство на колаген кој е од суштинско значење за еластичноста на кожата и е од суштинско значење за борба против стресот. Земањето на неколку  стотици милиграми витамин Ц дневно ќе ви помогне да го надокнадите недостатокот на овој витамин во вашиот организам.

5. Истражувањата покажале дека аспиринот го намалува нивото на цинк во крвта. Цинкот е потребен за правилно варење и искористување на јаглехидратите од исхраната како што се житарките, зеленчукот, овошјето, шеќерот, но и правилно искористување на протеините од месото, јајцата и гравот. Мажите обично имаат поголема потреба за цинк отколку жените, поради здравата функција на простатата. Овој суштински минерал му е потребен на телото за производство на најмалку 200 различни ензими потребни за различни аспекти на метаболизмот и животот. Крвта, коските, мозокот, срцето, црниот дроб и мускулите зависат од соодветни количини  на цинк. Земањето на суплементи богати со цинк помага во надминувањето на овој проблем.