Ако за некој лек може да се каже дека е универзален – тогаш тоа е аспиринот. Тој има широка примена во медицината, а многумина го користат секојдневно за секој случај, поради превенција. Но, дали е тоа паметно да се прави? Долго време се води расправа околу тоа меѓу здравствените работници ширум светот – многумина се за, а многумина се против секојдневното земање аспирин. Многу истражувања покажуваат дека аспиринот штити од срцеви заболувања, мозочни удари, разни карциноми, предвремено породување, па и прееклампсија кај трудниците (зголемување на крвниот притисок проследено со отекување на рацете и нозете и проблеми со бубрезите). Неодамнешните истражувања, меѓутоа покажуваат дека салицилната киселина (активната состојка во аспиринот) може преку мозочните клетки да го придвижи смртоносниот процес кај постари луѓе во вид на Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.

Од сето горенаведено, се поставува прашањето за сигурноста на аспиринот врз човековиот организам. Ова истражување укажува на потребата за многу сеопфатна и поголема студија на светско ниво.

Една работна група за превентива од САД поставила насоки за употребата на аспиринот кај оние во педесеттата година од животот и кај постари. Препораката е два аспирина дневно за оние од 50 до 70 – годишна возраст, кои имаат за 10% поголем ризик за добивање срцев или мозочен удар, и тоа во период од 10 години, доколку пациентите немаат зголемен ризик од крварења.

Дополнителна погодност од земањето аспирин кај пациенти со кардиоваскуларни болести постои, а тоа е заштита од рак на дебелото црево, бидејќи силицилната киселина од аспиринот го блокира протеинот кој ја придвижува инфламацијата кај одреден вид канцери, вклучувајќи го и колоректалниот.

Истражувањата покажале дека аспиринот помага во превенцијата кај оние кои имаат преживеано еден срцев удар или мозочен удар, но е нејасно дали вреди како заштита и превенција од првиот. Поради тоа ФДА во мај 2014 година го одбила барањето одБајерна етикетата за содржина да напише дека аспиринот штити од срцев и мозочен удар. Фармацевтската компанијаБајерод друга страна тврди дека аспиринот може да спречи срцев и мозочен удар, така што го спречува создавањето на згрутчувања во крвните садови.

И покрај контроверзните тврдења, имаме и поделеност кај здравствените организации. Канадското кардиоваскуларно друштво не го препорачува аспиринот, а ист е случајот и со европското здружение на кардиолози. Во САД се препорачува, но само доколку неговите корисни потенцијали ги надминуваат ризиците. Потенцијалните бенефити, според истражувањата, се поголеми отколку кај другите терапии кои штитат од кардиоваскуларни болести. Се сугерира дека повеќе од 10% од пациентите кои земаат аспирин како примарна превенција немаат висок ризик од срцеви заболувања.

Иако се сугерира дека со цел за превенција аспиринот треба да се зема најмалку 5 години, трудниците можат да имаат полза од неговото земање само 5 месеци. Со неговото земање се намалува ризикот од предвремено породување и прееклампсија. Па сепак, препораките за трудниците се различни: додека Американскиот факултет за акушерство и гинекологија даваат насоки дека само една од 300 трудници е кандидат за земање аспирин, превентивната група на САД и го препорачува аспиринот на секоја четврта трудница.

Здравствените работници кои не учествувале во оваа студија се залагаат за превентивна употреба на аспиринот, посебно кај бремените жени. И секој дебел пациент кој има повеќе од 35 години треба да зема аспирин или барем да се консултира со својот доктор за неговите предности и недостатоци. Многу доктори велат дека пациентите им се враќаат со изјава дека почнале да земаат аспирин.

Сепак, само интернист и гинеколог може да одлучи кој треба секојдневно да зема мали дози аспирин. Тие ќе знаат дали спаѓате во ризичната група и дали тој може да ви донесе повеќе полза или штета.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина