Арганово масло-извор на здравје и убавина
Аргановото масло е скапоцен производ,кое се почесто се користи во козметиката.”Течното мароканско злато”,како што уште и се нарекува,ја подмладува кожата и заздравува косата.
Зошто аргановото масло е толку вредно?
Аргановото масло или често нарекувано и како “течното злато” ,поради високата содржина на минерали,витамини и незаситени масни киселини. Освен што го намалува нивото на холестерол и го зајакнува системот за одбрана е исто така познат како еден од најмоќните прородни состојки за третман на брчки и одржување на младешкиот изглед на кожата. Поради споменатите вредности и зацврстување на кожата,аргановото масло е едно од омилените во козметичката индустрија и често може да се најде во производите за нега на лице и тело.Аргановото масло содржи многу високи количини на незаситени масни киселини, вклучувајќи линоленска киселина, која ја штити и регенерира кожата. Масните киселини, исто така, ја стимулираат интрацелуларната оксигенација, која помага во враќањето на основната рамнотежа на водата и липидите во хидро-липидниот слој на кожата. На овој начин, го спречува сушењето на кожата и губење на еластичноста, што значи спречување на појавата на брчки, а кожата станува помазна и поцврста.Ефектот против формирање на брчките се зголемува поради присуството на големи количини витамин Е(токоферол),кој е познат како најмоќен биолошки анти оксиданс,и како таков, ги неутрализира слободните радикали.Исто така,витаминот Е ги заштитува клеточните мембрани од оксидација на липидите,кој го забавува процесот на стареење и помага да се регенерира кожата кај оштетената кожа(лузни).
ARGAN (Argania spinosa)- “течно злато” од Мароко
Аргановото дрво е ендемичен,реликтен вид од терциерниот период. Ниско дрво,кое расте само во областа на југозападниот дел на Мароко.Тоа издржува суша и температури до 50 степени.Живее од 150-200 години, а ако умре по 7 години повторно оживува.По обликот плодот наликува на маслинка, а во него се наоѓа семе со 3 јадра,од кое со ладно пресување се добива маслото.За еден литар масло потребно е околу 40 кг. Овошје и 20 часа работа.
Во 1998 година, УНЕСКО го прогласува аргановото дрво за светско наследство.Уште и старите Феникијци тргувале со маслото.Тоа се користело со векови во Мароко во секојдневната исхрана и традиционалното лекување.Денес, маслото е рангирано меѓу едно од најважните масла против стареење на кожата,во козметичката линија.
Поради, исклучителни карактеристики и содржина на витамини (витамин Е), минерали, заситени(палмитинска и стеаринска) и незаситени масни киселини ( линолна, алфа линоленска, олеинска) и стерол, со право се нарекува “течно злато”.
Примена на аргановото масло:
-Го намалува нивото на холестерол и липиди( препорака: се земаат по 2 лажички масло на ден)
– Има антиинфламаторно дејство
– Моќен антиоксиданс ( содржи висок процент на витамин Е,кој исто така го штити од расипување)
– Помага во сите воспалителни процеси на кожата( себореа, псоријаза, акни,невродерматитис, алергиски дерматитис)
-Ја подобрува цврстината на кожата,спречува стрии
– Ја подмадува кожата ,спречува појава на брчки
-Ја потикнува циркулацијата
-Го подобрува капацитетот на мозокот
-Има корисен ефект врз црниот дроб и варењето на храната, ревматски и кардиоваскуларни болести.
Совети за примена на аргановото масло:
-нега на лице( една или две капки масло за хидратантна ноќна нега или како основа за дневна шминка)
-сува кршлива коса без сјај(се нанесува од маслото на скалпот ,оставете да делува 30 мин.и потоа се мие со благ шампон)
-нега на раце и нокти(секојдневно нанесување навечер,како би останеле мазни,меки и здрави)
-кршливи нокти(еднаш неделно потопети ги рацете во смеса од маслото со лимонов сок во сооднос 1:1)
-нега на тело(по бањање ,додека кожата е сеуште влажна ,нежно масирајте се со маслото.На овој начин, кожата се снабдува со влага и хранливи материи, и потоа ќе стане поцврста, еластична и мека како свила. Спречува и појава на стрии)
-Масажа( ги релаксира мускулите,особено мускулите на ‘рбетот)
-Пилинг(рамномерно измешајте го маслото со природна сол)
Овој текст е посветен на примената на чисто арганово масло,а какви се неговите благодети во комбинација со други природни состојки веројатно веќе претпоставувате и самите.