Секојдневното земање мали количини аспирин значително ја намалува смртноста од некои видови рак, како што се ракот на дебелото црево и простатата, заклучокот кој бил објавен во британското медицинско списание The Lancetu. Во оваа најнова студија професорот Питер Ротвел, од Универзитетот оксфорд, во Велика Британија, и неговите колеги, ја проучувале смртноста од сите облици на рак во текоти по испитувањето, споредувајќи ги пациентите кои секојдневно земале аспирин и оние кои не го правеле тоа. Авторите спровеле осум испитувања, кои опфаќале 25.570 пациенти.

Според нивната оценка, секојдневното земање аспирин во период од 5 до 10 години ја намалува смртноста, без разлика на видот на ракот (како и смртноста поради фатална хеморагија) за околу 10%.

Стручњаците заклучиле дека за дваесеттина години ќе се намали ризикот од смртност од оваа болест за околу 10% кај ракот на простата, 30% кај ракот на белите дробови, 40% кај ракот на дебелото црево и за 60% кај ракот на јајчниците.

Тагови: аспиринрак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина