Земањето андидепресиви за време на бременоста е поврзано со зголемениот ризик од појавата на психијтриски нарувања кај децата, посебно нарушувања во расположението, покажува неодамнешното истражување.

Целокупниот ризик од појавата на овие нарушувања кај вкупната детска популација сепак е мал, велат научниците од данскиот универзитет Аархус, кои го имаат спроведено ова истражување. Дијагнозата на психијатриското нарушување кај деца до 16 – годишна возраст е поставена кај само 3% од речиси 905.383 деца, кои биле опфатени со ова истражување.

Споредувајќи ги децата чии мајки  земале антидепресиви пред, но не и за време на бременоста, со децата чии мајки земале антидепресиви и за време на бременоста, научниците утврдиле дека веројатноста за нарушување на расположението, потиштеноста и нарушувања во однесувањето и аутизмот кај вторите е за 27% поголема.

 

Водичот на истражувањето, Ксиао Лиу, епидемиолог од националниот истражувачки центар рекол дека оваа студија е прва која е занимавала со широк распон на психијатриски нарушувања наместо со одделни болести кај децата кои биле изложени на антидепресиви во бременоста.

 

  • Сакаме да истакнеме дека нашата студија не сугерира и не ги поттикнува жените со депресија да ја прекинат терапијата за време на бременоста – рекол Лиу.

 

Некои постари истражувања исто така утврдиле дека децате на жените со нелекувана депресија за време на бременоста имаат поголем ризик од појава на психијатриски нарушувања и други здравствени проблеми, па е прашање колку ризиците од психичките нарушувања кај децата се поврзани со мајчината ментална болест, а колку со лековите кои ги зема.

 

Лиувиот тим со истражувањето следел до 2014 година децата родени во Данска од 1998 до 2012 година. Утврдиле дека речиси кај двојно повеќе деца, или 14,5%, биле дијагностицирани психијатриски болести ако нивните мајки почнале да земаат антидепресиви во текот на бременоста, во споредба со 8% кај кои мајките никогаш не ги земале тие лекови.

 

Зачестеноста на психијатриските нарушувања кај децата чии мајки почнале да земаат антидепресиви за време на бременоста во текот на бременоста била 14,5%, меѓу оние чии мајки продолжиле да земаат антидепресиви иза време на бременоста била 13,6%, а кај оние чии мајки престанале да земааат антидепресиви пред бременоста – 11,5%.

 

Севкупно ризикот од појавата на психијатриското нарушување кај децата чии мајки почнале да земаат антидепресиви за време на бременоста бил за 56% поголем во споредба со мајките кои никогаш не земале антидепресиви и 64% поголем кога мајките продолжиле да земаат антидепресиви и во бременоста, според резултатите од истражувањето објавени во списанието BMJ.

 

  • Сметам дека користењето на овие методи во истражувањето е важно за создавањето на хипотезите, но не се соодветни за тестирање на самите хипотези. Според мене, оваа студија ни малку не не приближува до вистинскиот одговор – вели доктор Михаел Шоенбаум, виш советник во американскиот национален институт за здравје, кој не бил вклучен во истражувањето.

 

  • Депресијата е сериозна работа. Нелекувана, опасна е и за мајката и за детето.

 

Ризикот од психијатриско нарушување кај децата не зависел од видот на антидепресивите кои ги земала мајката. Лиу и неговите сонародници утврдиле и дека антидепресивите за време на второто и третото тромесечје од бременоста или земани повеќе од едно тромесечје од бременоста резултирале со поголем ризик од појава на психијатриско нарушување кај детето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина