Антидепресивите носат сериозен ризик
Една голема клиничка студија спроведена во САД открила дека земањето антидепресивни лекови го зголемува ризикот од појава на мозочен удар. Биле истражувани 136.923 жени, на старост помеѓу 50 и 79 години, кои биле следени во просек 6 години. Оние жени кои користеле антидепресивни лекови имале за 45% зоглемен ризик од настанок на мозочен удар во споредба со оние жени кои не користеле никакви лекови.
Се смета дека самата депресија го зголемува ризикот од настанок на мозочен удар, така што не е сосема јасно колку е точен удделот на овие лекови.
Било испитувано дали постои разлика во процентот на настанок на мозочен удар во зависност од тоа дали лицето користело трициклични антидепресивни лекови од групата ССРИ (селективни инхибитори на серотонин). Оние кои користеле лекови од оваа група се посклони да добијат мозочен удар, кој настанал како последица од крварење во мозокот.
Истражувачите предупредиле на тоа дека оние кои користат антидепресивни лекови не смеат во никој случај да го прекинат земањето на лековите на своја рака. Ако имаат некаква дилема, треба да му се јават на својот доктор и со него да поразговараат за тоа кои се предностите, односно несаканите ефекти при земањето на овие лекови.