Антибеби пилулите се најраспространет вид на контрацепција, бидејќи се ефикасни и едноставни за употребата. Тие нудат многу сигурна заштита од несакана бременост и научно е докажано дека имаат заштитно влијание на појавата на карцином. Но, имало случаи кои покажале дека нивната употреба сепак не е безопасна, па затоа треба да се води сметка и да не се земаат на своја рака, туку потребна е претходна консултација со гинеколог.

Иако спаѓаат во најсигурно средство против несакана бременост, ако никогаш не сте ги земале порано, многу е важно да не го правите тоа сами на своја рака, ниту по препорака на жените од вашата околина, па дури тоа да се и вашите најдобри пријателки. Консултацијата со гинеколог при употреба на контрацепривни таблети е неизоставна. Пилулите за контрацепција имаат различен состав на хормони, па докторот најдобро ќе процени која комбинација е најдобра за вас.

Ако забележите било каква промена на расположението или почувствувате некакви физички пречки, како главоболка или отекување, голема можност е антибеби пилулите да не ви годат и дека мора да престанете да ги земате. Од голема важност е да го следите и наслушнувате сопственото тело, бидејќи тоа најдобро ќе ви каже што е добро за вас, а што не е.

Важно е и да се знае дека жените кои редовно и исправно ги користат овие пилули ретко забременуваат, но од друга страна, нередовната примена е причина за дури 43% на сите несакани бремености. Она што е добро кај овие пилули е тоа што денес се прават со многу помалку хормони, па не доаѓа до осцилирање на телесната тежина, поточно до дебелеење. Иако, голем број научни студии потврдиле дека антибеби пилулите не ни биле причина за тоа, туку дека само оние пилули кои се темелат на прогестин можат да го зголемат бројот на килограмите.

По престанок на земањето на пилулите може веднаш да се забремени, бидејќи тие немаат никакво влијание на плодноста, што зборува во прилог на тоа дека можат постојано да се користат, бидејќи во таа смисла не се штетни. Сепак, многу поефикасна и поздрава варијанта е спиралата, поради тоа што испушта помала доза на хормони. Таа е посигурен вид на контрацепција на подолги стази, бидејќи се вметнува во матката и потоа повеќе не мора да мислите на тоа. А покрај тоа е сосема безбедна. Сепак, наслушнувајте го своето тело, следете го и консултирајте се со доктор, поточно со гинеколог. Така секогаш ќе знаете што е најдобро за вас.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина