Анкциозноста може да влијае на сите аспекти од животот и значителнода го подигне нивото на стрес за време на друштвени ситуации. Поради тоа има смисла дека грижата и стравот, кои се обележја на анкциозноста, исто така да остават голема трага и во спалната соба.

 

– Било да доаѓаат или да си заминуваат, анкциозните чувства можат да бидат вистински убиец кога станува збор за поврзувањето со партнерот/партнерката и доживувањето на уживањето – вели Лорел Стајнберг, њујоршка терапевтка и професорка по психологија на Универзитетот Колумбија, САД.

 

Повеќето проблеми кои ги предизвикува анкциозноста во спалната соба може да се реши со помош на терапевт. Но, прво мора да препознаете како емоцијите кои таа ги носи го убиваат вашиот сексуален живот. Сексот треба да биде забавен и пријатен.

 

Акнциозните чувства можат да го ,,потопат,, сексуалниот нагон на повеќе начини. Паниката и загриженоста исто таак имаат физичко влијание врз нашето тело, бидејќи го поттикнуваат лачењето на хормонот на стресот. Кога телото повеќе не може физички да се опушти, уживањето во сексот е многу потешко.

 

Кога патиме од анкциозност, поголема е веројатноста дека ќе се чувствуваме поинтензивно свесни за себе и полесно ќе станеме опседнати од т.н. недостатоци.

 

Кога ќе ве преплават страв и паника, нема да сакате физички или емоционално да бидете блиски со партнерот/партнерката. А за оние жени кои како последица имаат претходно доживејана траума, сексуалниот допир и сексот можат да бидат застрашувачки.

 

Вкочанетите мускули, плиткото дишење и другите телесни симптоми на анкциозноста го спречуваат уживањето во сексот и во постигнувањето оргазам.

 

Овие физички промени, заедно со анкциозните мисли, можат дополнително да ја нарушат динамиката во спалната соба. Затоа е важно искрено и отворено да се разговара со партнерот/партнерката и да се побара помош од терапевт.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина