anason2

Експертите проценуваат дека секоја втора жена во текот на својот живот води битка со дисменореа. Кајнекои жени, болките се толку силни, што  им го отежнуваат секојдневното функционирање. Дисменореа – медицински термин за многу болна менструација, кај приближно 60% од жените.

Ново истражување од страна на американски научници, чии резултати беа објавени воJournal of Nursing and Midviferi Research , откриваат дека анасонот, имено, семињата од анасон, може да помогнат во олеснување на менструалните грчеви.

Во истражувањето биле вклучени 68 жени, со просечната возраст на 21,8 години. Тие биле поделени во 2 групи: 34 од нив добивале екстракт од семе од анасон и витамин Е, а останатите 34 добивале ибупрофен.

Резултатите покажале дека и во двете групи има ефикасност од земените лекови и намалување на болката, но се покажало дека екстрактот од семе од анасон во комбинација со витамин Е е многу поефикасен од ибупрофен. Покрај тоа, анасон и витамин Е не предизвикуваат никакви несакани ефекти, за разлика од ибупрофен, кој често предизвикува гадење, пролив и замор.

Анасонот е растение кое има долга историја на користење со цел да ги олесни дигестивните нарушувања, а научниците докажале дека анасонот може да ја забрза работата на дигестивниот систем и да ги олесни менструалните грчеви.

Научниците во ова истражување не успеале  да ја утврдат потребната доза за да се намалат менструалните грчеви. Екстрактот од семе од анасон е релативно евтино и достапно, типична доза ќе биде 1-2 милилитри дневно.

Може да се пие и чај од  семињата од анасон. Доволно е  1-2 лажички анасон семиња да се стават во една чаша вода и да се остави да стои 10 минути. Пијте чај 1-3 пати на ден. Но, пред да ја започнете дневната потрошувачка на анасон, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар, особено ако страдате од одредени болести или ако  земате лекови.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз