Кога ќе помислиме на летото, веднаш помислуваме како седиме некаде во ладовина и грицкамо ананас, но кај некој од нас се јавува непријатно чувство на чувствителност.

 

Постои причина зошто ве боли јазикот или устата откако ќе изедете ананас, а тој е малку наежлив. Многумина мислат дека тоа чувство на чувствителност е предизвикано од алергија од ананасот, но тоа не е секогаш вистина. Алергијата на ананасот не е честа појава, а предизвикува осип, губење на здивот, вртоглавица, грчеви во стомакот или отекување на устата, грлото и јазикот. Чувството на чувствителност кое се јавува кај многумина од нас откако ќе изедеме ананас, не е алергија, туку доказ дека нешто од ананасот всушност влијае врз вашата уста. Ананасот содржи нешто што се нарекува бромелин. Бромелинот најчесто се користи за омекнување на месата, бидејќи ги омекнува протеините. Ако чувствувате зголемена чувствителност во устата, можеби тоа е поради делувањето на ананасот врз протеините во устатата, затоа што варењето на ананасот започнува во устатата. Тоа дефинитивно не е пријатна реакција која може да се замисли или да се почувствува.

 

Причината поради која го имате ова чувство само во устата, а не во стомакот, е во тоа што бромелинот лесно се разложува. Устата не го може тоа, а реакцијата може да доведе до зголемена чувствителност и оток.  Но, ако е присутно само ова чувство, тоа не значи дека ананасот треба да се исфрли од исхраната. Овој ефект може да се намали ако се јаде варен или конзервиран ананас.

 

Киселоста на ананасот како и јачината на бромелинот можат да се намалат така што ананасот се лупи и се потопува во солена вода.

 

Бромелинот може да се користи и како суплемент кој се бори против воспалителните процеси во телото. Не го земајте здраво за готово, бидејќи може да делува во комбинација со некои лекови, антидепресиви и лекови против несоница.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина