Состојки:

 

  • просо
  • хељда
  • сок од ананас (без шеќер)
  • вода
  • ореви
  • прстофат сол
  • стевија (по вкус)
  • каранфилче
  • кардамон
  • ѓумбир во прав
  • екстракт од ванила
  • тахини

 

Подготовка:

 

Просото и хељдата се мијат и се ставаат во тенџере. Се прекриваат со сокот од ананас и со водата. Кога течноста ќе проврие, се додава прстофат сол, се намалува огнот и се вари додека не се впие целата течност. Оревите се печат и се мелат на покрупно. Во готовата каша се додаваат стевијата, тахините, ѓумбирот во прав, екстрактот од ванила, кардамонот и оревите и се се меша полека.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина