Аналгетиците, кремите против акни, антимикотиците и лековите за срце, но и кантарионот можат да предизвикаат кожни реакции. На плажа треба да ,,заборавите,, на шминката и парфемите, бидејќи можат да предизвикаат алергија.

Значи, пред одење на плажа имајте на ум дека одделни лекови, меѓу кои се и некои антибиотици, како и аналгетици за кои не треба препорака и рецепт од доктор, и некои растителни препарати, како оние од кантарион, или некои производи за нега на телото, како што се пилинзите, можат да предизвикаат чувствителност на сончевите зраци. Реакција на сонце можат да предизвикаат и антихистаминиците (лековите против алергија) и слични производи кои содржат дифенхидрамин, потоа креми против акни на база на бензоил пероксид, антимикотици (против габични инфекции), лекови за хемотерапија, диуретици, па и некои антипсихотици или лекови за срце. Ако користите некои од горепосменатите лекови или препарати, секако мора да се посоветувате со доктор за тоа дали треба да одбегнувате сончање, односно ако се сончате – не претерувајте.

На плажа треба да ,,заборавите,, на шминка и парфеми, бидејќи можат да предизвикаат алергија, почнувајќи од непријатно чешање, па до кафеави дамки на кожата. Во лето одбегнувајте и гелови за туширање, лосиони и креми за нега на телото со додаток на цитрусни масла. Кантарионовото и маслиновото масло, како и маслото од невен, не е добро да се нанесува на кожата пред или за време на сончањето, но можете да ги користите и одлично ќе делува за нега на кожата по сончањето. Имено, кантарионовото масло е фотосензитивно, па не е добро да се нанесува на кожата пред или за време на сончање, бидејќи може да предизвика алергиски реакции. Маслиновото масло и маслото од невен одлично ја негува кожата по сончлање и можат да се користат во домашни препарати за сончање, но никако не смеете да ги користите како единствена заштита за време на сончање, затоа што имаат многу низок заштитен фактор.

 

Мора да се има предвид и дека сувата и дехридрирана кожа која не се негува на соодветен начин по сончање веројатно ќе стане уморна и проблемите кои и онака постојат ќе станат уште поизразени. Во лето кожата често ја влажниме, бидејќи се капеме и тушираме, што доведува до миење на заштитните масла од кожата, па таа може да стане чувствителна. Тоа им штети на бактериите кој се дел од нашиот имунолошки систем и е погодно за развој на кожни болести, па треба да се води сметка наместо агресивни сапуни и шампони, при туширање или капење да користиме маслени бањи или маслени гелови без додаток на сапун.

 

Траење на кремите до три години

 

Иако на повеќето креми за сончање стои дека можат да се користат до 3 години по отворањето, големите топлини го менуваат нивниот состав и можат да го понишгтат делувањето.

 

Репеленти

 

Делувањето на кремите за сончање можат да го поништат делувањето на спрејот за заштита од комарци или на репелентите во стик. На плажа не треба да се користат ниту креми кои инаку ги користите за нега на лицето, како ни лосионите за тело, бидејќи ќе ја разблажат кремата.

 

Шминка

 

Доколку користите шминка во лето, нанесувајте крема за лице со SPF фактор, па на неа нанесете пудра или руменило, а не класична крема за сончање, затоа што течната пудра исто така може да го намали нејзното делување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина