Амарант (лат. Amaranthus spp.), кај нас исто така познат како руменика, е дневна житарка широко распространета на подрачјето на Азија и Америка. Оваа хранлива псевдо-житарка се одгледува веќе 8000 години. Кај нас амарантот е релативно нова намирница, но станува се популарна поради своите супериорни хранливи состојки.

Постојат околу 60 различни видови амарант. Некои видови имаат лисја кои можат да се јадат и кога се млади, а можат да се консумираат и како зеленчук.

Самото име амарант значи бесмртенПред дваесетина години, оваа древна житарка доживејала препород откако американската Национална Академија на Науки ја препорачала како секојдневна исхрана на Американците.

Состав и лековитост на амарантот

Амарантот е одличен извор на протеини, содржи двојно повеќе калциум од млекото, трипати повеќе влакна од пченката, а неговите лисја се исклучително добар извор на железо. Изобилува и со минерали, како што се калиум, бакар, магнезиум, фосфор и посебно манган, како и витамините А, Б6, К и Ц, фолна киселина и рибофлавин. Содржи и вредни аминокиселини, меѓу кои и лизин, кој делува против вирусот на херпесот. Не содржи глутен, што го прави погоден за оние кои се чувствителни на глутенот.

Докажано е дека редовното консумирање на амарантот го намалува лошиот холестерол, хипертензијата и ризикот од кардиоваскуларни болести. Амарантот е поради својата хранливост одличен за сите возрасти, до колевка, па се до старост. Поради изобилството на калциум и железо, препорачлив е за жените, бидејќи ги јакне коските и спречува слабокрвност. Ако планирате бременост, секако вклучете ја оваа житарка во својата исхрана, која поради изобилството на фолна киселина го поттикнува здравјето на репродуктивниот систем, штити од пометнување и го снижува ризикот од оштетување на мозокот и нервните завршетоци кај новороденчињата за дури 75%.

Редовната исхрана со амарант го подмладува организмот, бидејќи ги штити клетките од молекуларни нарушувања кои предизвикуваат стареење.

Лековити својства на амарантот
  • го нормализира високиот притисок и холестеролот

  • помага при анемија и потхранетост

  • го јакне коскениот систем

  • го подобрува варењето

  • го штити здравјето на фетусот

  • го јакне имунолошкиот систем

  • го подмладува организмот

Амарантот во кулинарството

Амарантот е единствен по тоа што повеќето хранливи материи од него се зачувуваат за време на подготовката, бидејќи се наоѓаат во неговото јадро. Неговото брашно може да се користи како мешавина со брашното од пченица за правење леб и колачи. Одлично се комбинира со житарки, зеленчук и мешунки, па може да се подготвува како пилав или како каша. Зрната од амарант може да се печат како пуканки во тава и да се додадат потоа во супи, салати или десерти. Амарантот се вари во вода во размер еден наспроти три. Прво пропржете го на путер или масло, додадете сол и вода, поклопете го и оставете да се вари поклопен околу дваесеттина минути на тивок оган.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина