Алпската роза (лат. Rhododendron ferrugineum) е исклучиво планинско растение кое расте во високите планински и алпски подрачја. Кај народот е познато уште под имињата црвена алпска роза, горска роза и рододендрон. Името роза го има добиено по неговите цветови кои наликуваат на роза, иако не припаѓа на семејството на рози, туку на семејството на вресови. Може да живее повеќе од 100 години. Расте на висина поголема од 1800 метри, каде може да се прилагоди на многу тешки услови на околината, но и на големи промени на температурата.

Ова скапоцено растение, кое расте во совршено недопрената природа на Алпите, содржи многу активни соединенија, со кои може да ги издржи екстремните услови и да опстане на карпите и снегот: таксифолин, родоксантин, етерични масла, полифеноли (катехин, епикатехин). Овие соединенија се одлични антиоксиданси. Како одговор на студенилото, дехидрацијата или смрзнувањето, во своите листови алпската роза почнува да ги синтетизира заштитните протеини – дехидрини – протеини кои се однесуваат како мали сунѓери кои ја задржуваат водата околу клеточните мембрани и белковините. Тие ја штитат алпската роза да не дехидрира и да не замрзне. А, високата содржина на полифеноли ја штитат од влијанието на слободните радикали.

Алпската роза е трајно растение кое расте во густи грмушки, со зимзелени кожени листови со јајчест облик, свиткани кон рабовите. Од горната страна листовите се темнозелени, а од долната на почетокот се жолто – зелени, а понатаму темнокафеави. Црвените ѕвончести цветови се насобрани во многу гроздести рози кои растат на долги рачки. Алпската роза цвета од април до крајот на август месец. Посебно расте бујно на земја богата со хумус. Од неа се собираат листовите, кои треба да се соберат непоседно пред цветањето. Тие собираат многу влага во себе, па не треба да се сушат, туку по собирањето веднаш се употребуваат за подготовка на разни хомеопатски препарати.

Лековити делови од алпската роза:

Во листовите се наоѓаат ериколин и арбутин, танин, цитронска киселина, восок, етерично масло, таксифолин, хлорогенска киселина и полифеноли (катехин, епикатехин).

Лековито делување:

Некогаш листовите на алпската роза се употребувале и во медицината како средство за лачење на пот и урина. Меѓутоа, денес, неговите листови се употребуваат само во хомеопатското лекување како разредени препарати против ревматски зглобови, болки во мускулите и против гихт. Со хемеопатските препарати од алпската роза брзо се лекуваат и невралгични болки. А, еве за што се уште е добра алпската роза:

ја смирува кожата и ја штити од исушување

ја штити кожата од штетното влијание на УВ зраците и загадувањето од околината

лекува хипертрофија на простатата

Предупредување: треба внимателно да се користат листовите од алпската роза, бидејќи таа е умерено токсична и може да предизвика повраќање и потешкотии на дигестивниот, нервниот, респираторниот и циркулаторниот систем.

Чај од алпска роза за заболена простата

Состојки:

  • 40 гр. цветови ајдучка трева
  • 40 гр. кора од даб
  • 30 гр. пелин
  • 20 гр. аспарагус
  • 70 гр. алпска роза

Подготовка:

Сите состојки се ситнат, се прелеваат со 1 1/2 литри студена вода и се оставаат да отстојат преку ноќ. Наутро се варат на тивок оган и се оставаат да вријат 2 минути поклопени. Откако ќе се олади чајот, се процедува, се истура во темно шише и се пие наместо вода по јадење. Дневно треба да се испие целата подготвена количина чај.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина