Алое верата делува против воспаленија, вируси, бактерии и габи, одлично е за кожата и генерално за здравјето. Египѓаните го нарекувале растение на бесмртноста, а Индијанците рајско стапче. Неа ја користеле многу познати личности – Аристотел, Александар Велики, Клеопатра, крал Соломон, Целзиус и Диоскорид. Богато е со витамини и минерали, вклучувајќи ги витамините А, Б1, Б2, Б3,, Б12, Ц и Е, магнезиум, калциум, железо, цинк, селен, калиум. Исто така, богато е и со аминокиселини и помага за алкализацијата на телото. Покрај тоа, полисахаридите и антиоксидансите во алое верата го подобруваат имунитетот на организмот.

18 придобивки на алое верата:

Алое верата е домашно растение кое најлесно може да се огледува. Бара минимално одржување, само повремено наводнување, топлина и повремена фертилизација. Алое верата е добро да се чува во спалната соба затоа што помага за несоница. Ова сочно растение има дебели листови полни со гел кој многу лесно се собира. Едноставно треба само да му се пресече листот со нож и да се исцеди овој гел. Се препорачува да се користат најголемите и најзрелите листови, за да се извлечат максималните полезности, затоа што овие листови содржат најголема концентрација на гелот

  1. Смирува изгореници
    2. Зараснува рани
    3. Лекува акни и егземи
    4. Смирува осип, чиреви и други кожни проблеми5. Го олеснува чешањето по каснувања од комарци
    6. Ја намалува појавата на брчки
    7. Ја регенерира косата, а може да ја намали и ќелавоста
    8. Ја хидрира кожата
    9. Може да се користи како гел за бричење
9 придобивки по здравјето од оралното земање на алое вера:

1. Го смирува надразнетиот желудник и проблемите со варењето, како што се синдромот на иритирано црево, запек, надуеност и улцерозен колитис
2. Го подобрува лошото варење и киселините
3. Го стабилизира шеќерот во крвта
4. Го подобрува здравјето на непцата
5. Го подобрува имунитетот
6. Го поттикнува создавањето на белите крни зрнца и здравите клетки кај болни од рак
7. Го јакне срцето и ја подобрува крвта
8. Го подобрува здравјето на уринарниот тракт
9. Го намалува воспалението предизикано од артритис

Детоксикациски сок од алое вера:

Сокот од алое вера е добар избор за детоксикација, а со оглед на тоа дека го чисти организмот помага и во слабеењето. Сокот од алое вера е корисен и за срцето благодарение на состојката бета ситостерол, кој ја спречува апсорпцијата на холестеролот во телото и го намалува нивото на триглицеридите. Поради своите лаксативни својства, сокот од алое вера помага при запек, но не треба да се пие во големи количини затоа што може да предизвика пролив.

Внимание: Не треба да се консумира повеќе од 2 лажици гел од алое вера дневно. Консумирањето на алое вера не им се препорачува на трудниции на ќени кои дојат. Исто така, посоветувајте се до доктор околу оралната консумација на ова растение ако земате веќе некои лекови како што се на пример диуретиците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина