Студијата спроведена на универзитетот во Ливерпул и Мастрихт, како и од Кралскиот колеџ во Лондон тврди дека оние луѓе кои зборуваат повеќе јазици подобро зборуваат странски јазик откако ќе испијат едно до две пијалоци. Во истражувањето учествувале 50 испитаници на кои германскиот им бил мајчин јазик, а кои студирале во Мастрихт, Холандија, и кои неодамна научиле да го читаат, пишуваат и зборуваат холандскиот јазик. Учесниците биле поделени во две групи. Едната група добила алкохолен, а другата безалкохолен пијалок, а потоа од нив побарале неколку минути да зборуваат на холандски јазик. Количината алкохол зависела од телесната тежина, но била еквивалентна на 460 милилитри пиво за мажи со тежина од 70 килограми.

Нивното знаење на холандскиот јазик го оценувале оние на кои тој им е мајчин јазик и кои не знаеле кој од учесниците консумирал алкохол. Истражувачите откриле дека оние кои биле под влијание на алкохол имале подобар изговор од оние кои пиеле безалкохолен пијалок. Половината испитаници (првата група) добиле алкохол во сооднос со своите телесни пропорции, а другата половина добила вода. Потоа разговарале на холандски со испитувачите. Целиот разговор притоа се снимал и бил преслушан од изворни говорници на холандскиот јазик, кои го оценувале квалитетот на сопствениот јазик.

 

Холанѓаните подобро ја оцениле онаа група која пиела алкохол, сметајќи дека тие пофлуентно зборуваат во однос на другата група, која пиела само вода. Тие оцениле и дека првата група имала подобар изговор, додека граматиката и вокабуларот биле исти и кај двете групи.

– Нашата студија покажува дека консумирањето алкохол може да има ефикасно дејство на изговорот на некој странски јазик кај оние луѓе кои штотуку го научиле – рекла Инге Керсберген од Институтот за психологија, здравје и општество на универзитетот во Ливерпул.

Сепак, ќе кажеме за крај дека најмногу влијание врз флуетноста на некој странски јазик има мотивацијата, која е најважна при учењето.

Тагови: алкохол
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина