Поради тоа што во текот на ноќта правиме пауза во варењето, отпадните материи од претходниот ден влегуваат во системот за елиминација. Така, наутро организмот е многу кисел, па се препорачува од таа причина да се консумираат алкализирачки напитоци. Дури и мала количина на алкализирачки напитоци наутро ќе му помогне на организмот да ја намали киселоста, поспаноста, здрвеноста и болките во мускулите како и некои други нешта кои често ги чувствуваме наутро непосредно по будењето и ќе ни го врати чувството на свежина. Овие напитоци делуваат многу брзо кога ќе се испијат на гладно.

Зелено смути

 

Ставете во блендер една главица зелена салата, 1 см излупен свеж ѓумбир и половина краставица и добро измиксајт еги. Овој напиток не само што е алкализирачки, туку е и богат со магнзиум, витамин Ц и други макронутритиенти. Делува поволно на процесот на варење и намалува здрвеност, воспаление и болки во мускулите.

Спирулина смути

 

Изблендирајте 2 шолји спанаќ, едно парче ѓумбир и половина лажичка спирулина во прав. Овој напиток е нискогликемиски, богат е со протени, витамини од Б-групата, Ц витамин, железо и калиум.

Лут алкализатор

 

Напитокот од лимон, лут црвен пипер и природен јаболков оцет е исклучително алкализирачки. Лутиот пипер го поттикнува метаболизмот, ги намалува болките и воспаленијата, а му дава на организмот поттик и го буди и размрдува. Лимонот е исклучително алкализирачки. Исцедете еден лимон во чаша со вода, ставете на врвот од мала лажичка лут црвен пипер, една лажичка оцет и измешајте. Ова е вистински утрински алкализирачки тоник за енергија.

Напитокот ѓумбир-лимон

 

Ако, покрај алкализирање сакате да ги поттикнете и органите за варење, направете напиток од ѓумбир, лимон и јаболков оцет. Сите овие три состојки делуваат ефикасно на органите за варење. Ѓумбирот ублажува мачнини, запек и надуеност, а може да ги ублажи и болките во злобовите и главоболка. Во комбинација со лимонот и јаболковиот оцет, делува исклучително поттикнувачки во процесот на варењето.

Со оглед на тоа што некои од овие напитоци се многу силни и можат да го надразнат желудникот, доброе прво да се појадува непосредно откако ќе се испијат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина