Алфалфа е растение чии корени растат и до 30 метри под земјата, од која ги извлекува сите минерали кои не се наоѓаат на површината ниту на самиот врв. Алфалфа на арапски јазик значи ,,татко на растенијата,, и од тоа може да се заклучи дека се работи за многу здрава намирница, која треба почесто да се користи ако ви е достапна.

 

Алфалфа е многу богата со минерали, витамини и нутритиенти, кои играат многу важна улога во здравјето и јачината на коските како и за општото здравје. Содржи протеини, витамини а, Б1, Б6, Ц, Е и К. Од минералите, на прво место тука се калциумот, калиумот, каротенот, железото и цинкот. Алфалфа може да се користи во вид на семе, листови или пак во својство на суплементи.

Лековити својства на алфалфата

 

Во кинеската медицина, ова растение се користи уште од шестиот век, и тоа за лекување на неколку здравствени состојби и се смета за најбогат природен извор на микроелементи. Мноштвото минерали и витамини кои ги поседува ја прават феноменален растителен лек, а најефикасен се има покажано во лекувањето на:

 

  • Проблеми со бубрезите, ублажување отоци и задржување на течности
  • Автоимуни нарушувања
  • Артритис
  • Проблеми со варењето, уринарниот тракт и жлездите
  • Чистење на крвта, црниот дроб и цревата
  • Зголемен крвен притисок
  • Како превентива од мозочен удар
  • Магарешка кашлица

 

 

Артритис

 

Чајот подготвен од семе од алфалва се има покажано како особено ефикасен во лекувањето на артритис и ублажување на симптомите кои ги носи оваа болест. Едноставно додадете една лажичка семе од алфалфа во една шолја врела вода.

 

Пијте три до четири шолји од овој чај во текот на денот, во зависност од јачината на симптомите. Треба да се пие две недели, за да може воспалението успешно да се намали.

 

Дијабетес

Бидејќи е позната по тоа што природно го регулира шеќерот во крвта, алфалфа е растение кое може да помогне во лекувањето на дијабетесот. Се што треба да направите е по една лажичка семе од алфалва да ставате врз омилената салата, супа или кое било друго јадење или едноставно да земате капсули на база на алфалфа.

За кршење каменчиња во бубрезите

Во овој случај, како ефикасни се имаат покажано никулците на алфалфа, кои треба да се јадат секојдневно доколку имате проблеми со каменичиња во бубрезите. Сето тоа е поради витамините А, Ц, Е и цинк, кој докажано ги топи каменчињата во бубрезите.

 

Природен лек против ќелавост и опаѓање на косата

Сокот на алфалфа ако се измеша во еднакви количини со сок од моркови и зелена салата станува многу ефикасен природен лек против опаѓање на косата. Комбинацијата на овие сокови ако се зема секојдневно, сигурно ќе го спречи опаѓањето и ќе го поттикне растот на косата.

 

Нус-појави

 

Прекумерното консумирање на ова растение може да доведе до разложување на црвените крвни зрнца, што е особено сериозна состојба. Истражувањата исто така имаат покажано дека исхраната богата со канванин, аминокиселина пронајдена во алфалфата, може да предизвика лупус. Канванинот се наоѓа исклучиво во семето и никулците, но не и во зрелите листови на алфалфата. Токму поради ова алфалфата не им се препорачува на трудниците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина