Отоци, чешање и црвенило, тоа понекогаш за жал е резултатот за разубавување и користењето шминка. Наместо прекрасен мејкап, имунолошкиот систем реагирал со пречувствителност на некоја од состојките од козметичкиот производ. Алергиските реакции на шминката стануваат се почести и предизвикуваат здравствени потешкотии кај се помладата популација, бидејќи возрасната граница кога денешните девојки посегнуваат по шминка е се пониска.

 

Штетни состојки

Се е поголем бројот на разните алергиски реакции, а за кои не сме ни свесни дека доаѓаат од шминката или, на пример, од дезодорансите. Конзервансите коишто најмногу ги загрижуваат дерматолозите се користат во козметиката на бројни компании. Посебно опасни се оние кои помагаат за зачувување на боите, а предизвикуваат контактен дерматитис кој честопати се појавува и по неколку дена по допирот со кожата. Тие исто така го продолжуваат рокот на траење на препаратите, а се составен дел на кремите, геловите за туширање, маскарите, шампоните, регенераторите и сапуните. Ги уништува бактериите, мувлата и вирусите во тие препарати, а без нив козметичкото средство би се расипало по отворањето. Алергиите предизвикани од овие состојки траат цел живот, предизвикувајќи болни егземи и меури на површината на кожата. Во маскарите и сенките за очи алергиските реакции најчесто се предизвикуваат од состојките како што се глитерите, светките во прав, шарфемите и разните антиоксиданси, пигменти и соединенија за спојување.

 

Опасниот сјај на светките

Поради штетните последици врз човековото здравје и планетата, стручњаците повикуваат да се забранат светките. Најдобро е да се одбегнуваат светките во сите производи кои ги содржат во себе. Немојте да користите мејкап, лак за нокти и спрејови коишто во себе содржат сјајни микрочестички.

Дерматитис, црвенило, отечени капаци

Алергијата можете да ја препознаете доколку имате меури на кожата, црвенило и отоци, кои најчесто се појавуваат на лицето и на рацете. Кога ќе помислите дека сте алергични на некоја состојка, треба веднаш да ја прекинете неговата употреба и да појдете на доктор дерматолог или алерголог, со цел да направите алерголошки тестирања.

Совети при шминкање

Секогаш мијте ги лицето и рацете пред нанесување шминка. Не користете козметички производи и не нанесувајте шминка на очите ако имате некоја инфекција, како што е на пример конјуктивитис. Фрлете ги сите произвиди кои сте ги користеле откако за првпат сте забележале дека имате инфекција. Фрлете ја старата козметика. Мора строго да се почитуваат роковите на траење на шминката, бидејќи и старата козметика може да предизвика алергии, кои тешко потоа можат да се повлечат и со препишана терапија од доктор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина