Аквафизикал тренингот е нов начин на вежбање кој од скоро се применува. Тренингот се прави во базен, но не во вода, туку на вода. Посебен пловечки душек, којштo се вика Аква бејз (Aquabase), е направен за да пружи најдобар тренинг на вода. Неговата функција е едноставна. Со помош на него ќе успеете да останете на вода и да не потонете, но затоа ќе треба добро да се намачите. Аквафизикал е варијација на ХИИТ тренингот кој се прави на вода, и тоа со помош на овој специјален душек. Поентата е сите вежби кои инаку ги правите дополнително да ги отежните со тоа што ќе бидете нестабилни на вода. Тоа значи дека далеку повеќе ќе се трудите околу класичните вежби како што се склековите, издржувањето во склековите и чучнувањата. Поради стоењето на нестабилна површина, вашата рамнотежа ќе мора да бидете совршена, а за тоа ќе ви треба сериозен тренинг.

За многу краток период овој начин на тренирање стана многу популарен. Оние кои почнале да се занимаваат со овој вид на вежбање велат дека за многу кратко време постигнуваат одлични резултати, но и дека тренинзите се многу напорни.

За жал, кај нас се уште нема ваков вид на тренинг, но ако сакате да се испробате во аквафизикал тренингот, тогаш можете да го порачате специјалниот душек и да почнете да тренирате во секој базен. Погледнете во продолжение како изгледа овој тренинг.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина