Неуспесите на класичната медицина во лекувањето на некои заболувања ги наведува некои луѓе да пробаат било што што ќе ги ослободи од тегобите. Така, тие се свртуваат кон нови видови на лекувања и кон т.н. алтернативна медицина. Со желба повеќе да заработат, некои доктори ја користат оваа одлука на пациентот и им ја препорачуваат акупунктурата. Ова е една од причините поради која денес таа се почесто се користи. Меѓутоа, пред некој да се одлучи за овој вид на лекување, треба да ги земе предвид и следниве факти за акупунктурата.

 

Овој метод на лекување при превенција на болестите се користи во Кина повеќе од 500 години. Акупунктурата е збор со кинеско потекло и значи ,,убод со златна игла,,. За нејзиното изведување не се користела секогаш златна игла. За поширока употреба, иглите се изработувале и од железо. Поради појавата на црвенило околу местото со железна игла, иглите за акупунктура почнале да се изработуваат од делови од коњска опрема, бидејќи според кинеското верување се сметало дека коњот е поврзан со огнот. Ако огнот може да го свитка металот, тогаш може истовремено да направи и отровите од него да исчезнат од него. Од тоа следел заклучокот дека иглите направени од коњска опрема нема да предизвикаат инфекција на местото на убодот, што не било и докажано. Во тоа време латните игли биле резервирани само за припадниците на високото општество. Денес, овие игли се произведуваат од одреден вид нерѓосувачки челик.

 

Акупунктуристите веруваат дека физичкото здравје зависи од некој недефиниран, флуиден ток на енергија низ телото и рамнотежата во телото на две, во исто време присутни спротивности наречени јин и јанг (добро и зло). Целта на акупунктурата е да ја држи оваа енергија од непознато потекло, кое не може да се измери со објективни методи, на потребното ниво.

 

Акупунктуристите го опишуваат телото со специфични термини. За нив органите во телото се поврзани со замислени линиии и канали кои одат непосредно под кожата. Утврдени се дванаесет линии, кои се нарекуваат меридијани. Точките на меридијаните може да бидат стимулирани или со убод со игла и нејзино лесно вртење или со притисок. Други сметаат дека повеќето акупунктурни точки на телото не се потребни, па ги користат само акупунктурните точки на ушната школка (бидејќи веруваат дека таа претставува слика на фетус т.е. плод на матката со сите делови на телото) или табаните (затоа што сметаат дека во стапалата се наоѓа изворот на енергија за целото тело и дека на нервните завршетоци на стапалата се формираат кристални депозити, кои овозможуваат наталожените токсини во телото да се измијат).

 

Користење на акупунктурата во медицината

 

Се смета дека денес најмногу доктори кои ја применуваат акупунктурата во лекувањето се во Кина. Во Велика Британија нивниот број изнесува 1.300. статистичките податоци покажуваат дека во оваа земја околу 3% од пациентите побарале да се лекуваат со примена на акупунктура.

 

Акупунктурата од страна на своите поборници најчесто се применува во хирургијата за анестезија, при терапии на болки и ако пациентот сака да измени некои свои навики кои му делуваат штетно врз здравјето. Според податоците од некои извештаи, се вели дека во источните земји кај околу 80% од пациентите успешно се врши анестезија со помош на акупунктурата.

 

Успешноста на лекувањето со акупунктура

 

Често се случува одредувањето на акупунктурните точки да не е прецизно. Со одредени методи и примена на посебни апарати на кожата можат да се одредат точките со намален електиречен отпор кои би требало да претстауваат акупунктурни точки, но многу често овие места не се места на класичните акупунктурни точки. Феликс Ман пишува:

 

,,Некои истражувачи сметаат дека малите дискретни места на кожата со намален елетричен отпор претставуваат акупунктурни точки. Неколку години, јас трудољубиво се обидував да го потврдам овој став. Пронајдов илјадници мали или поголеми полиња со намален отпор, од кои некои беа на место на акупунктурните точки, додека повеќето не беа. Секој пат кога активна електрода ќе се стави на кожата, на тоа место се намалува електричната отпорност. Ако постапката се повтори повеќе пати на иста точка, тогаш на тоа место трајно се намалува електричниот отпор и тоа станува нова акупунктурна точка.,,

 

Оваа изјава станува посебно значајна кога се знае дека многумина кои се занимаваат со акупунктура користат различни апарати за детекција на акупунктурните точки. Овие апарати користат мали електрични шокови за стимулација на акупунктурните точки наместо игли. Во еден извештај дури се вели дека овие апарати се многу ефикасни и во лекувањето на Паркинсоновата болест, херпес, зголемен притисок, зголемен холестерол, инфекции на мочниот меур, хепатитис, но никогаш не е дадена официјална потврда за ваквите резултати.

 

Како што не може да се докаже објективното постоење на акупунктурните точки, така не може да се докаже ни постоењето на т.н. меридијани. Меридијаните не се органски врски како што се крвните садови или нервите. Акупунктуристите се обиделе да докажат дека меридијаните ги следат нервните патишта. Тоа е точно само за некои меридијани, но не е точно ниту за еден главен меридијан. Меридијаните не се поклопуваат ниту со т.н. рефлексивни патишта, кои ги има повеќе од 20.000 и кои се познати во класичната медицина.

 

Акупунктуристите истакнуваат успех и во лекувањето на следниве болести: мигрена, главоболка, чир на желудникот, пречки во дигестијата, кожни заболувања, лумбаго, невритис, реума, егзема, псоријаза, депресија, страв и др. Сите споменати болести се општи, освен функционалните нарушувања, а не органски заболувања со оштетувања на ткивата. Сите овие болести можат да се ,,лекуваат,, со постоење на доверба. Велат дека со акупунктура се лекува и импотенција, фригидност, несоница, астма и претерана дебелина. За овие болести се знае дека се тесно поврзани со процесот на размислување и одлучување. Некои од нив се јавуваат како резултат од загуба на битката во борбата со стресот.

Оние кои тврдат дека со акупунктура може да го намали интензитетот на болката се само делумно во право. За време на акупунктурата, на нервните завршетоци се ослободува ендорфин, супстанција слична на хормон, која според природата на своето делување ја неутрализира болката. Меѓутоа, тоа исто се случува и во текот на физичката активност, кога исто така се ослободува ендорфин, кој предизвикува чувство на опуштеност.

 

Мартин и Деидре Бобган наведуваат дека во една универзитетска студија при која биле испитувани ефектите од акупунктурата, се покажало дека очекувањето на подобрување кај еден број од пациентите влијаело на резултатот од лекувањето. Истражувачите заклучиле дека акупунктурата подразбира посебна психичка состојба кај оние кои се лекуваат со примената на овој метод и дека таквата состојба ќе влијае на ефектот од лекувањето. Елементот на очекување на подобрување е исклучително силен кога акупунктурата се применува кај пациенти кои подолго време не се чувствуваат добро. Подобрувањето обично е со краток век. Пациентите едноставно после толку скапо лекување не можат да признаат дека се чувствуваат исто како и пред третманот.

 

Проблеми во врска со примената на акупунктурата

 

Извештаите од САД и Велика Британија укажуваат на се поголем проблем на пренесување инфекции по пат на акупунктурните игли. Тоа исто така ја вклучува и можноста за пренесување а вирусот хепатитис и ХИВ инфекција. Овој ризик е секогаш присутен кога се врши убод со остар предмет из кожата, посебно ако се користат нестерилни игли.
Никако не треба да се прифати ставот дека се што е ,,природно,, е истовремено и безбедно. Познати се случаите дека кај некои пациенти дошло до оштетување на нервите на рацете поради примена на акупунктура. Чести се и обилните крварења, посебно ако пациентот зема антикоагуланси. Имало и случаи на пнеумоторакс (пукање на белодробната марамица).

 

Опасно е и чувството на поспаност по третманот, посебноако пациентот треба да се занимава со некаква активност која бара концентрација.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина