За него многу не се зборува, а би требало. Го има во цвеклото, бананите, авокадото, дињата, белиот грав… Но, дури и да внесувате 4.700 мг. колку што е дневната препорачана доза, може да се случи сепак да имате недостиг од овој минерал. Зошто? Колку повеќе консумирате натриум, толку повеќе вашиот организам ќе го исфрла калиумот од телото.

Калиумот е неопходен за правилно функционирање на нервите и за здрав кардиоваскуларен систем. Овој минерал е растворлив во вода, а неговата зголемена содржина во организмот изнесува 140 гр. Игра важна улога во регулирање на осмотскиот притисок, кисело-базната рамнотежа, метаболизмот на водата и солта во клетките и го активира излачувањето на некои ензими. Понекогаш е многу тешко да се забележи дека недостасува во организмот. Доколку почувствувате некои од овие симптоми, неопходно е да одите на доктор и да проверите дали имате недостиг од овој важен минерал.

Постојан замор

На секоја клетка од вашиот организам потребна му е одредена количина калиум за да може таа да функционира правилно. Недостигот на калиум може да резултира со постојан замор. Доколку спиете доволно, а и понатаму сте уморни, недостигот на калиум може да биде една од причините за таквата состојба.

Висок крвен притисок

Калиумот помага во отпушување на крвните садови, а кога во организмот го нема во доволни количини, крвните садови можат да се стеснат, што ќе резултира со зголемен крвен притисок.

Консумирање на преработени намирници

Консумирањето на преработена храна сигурно го намалува нивото на калиум во организмот, бидејќи таквите намирници содржат високо ниво на сол (месни преработки, чипс, готови оброци и сл.)

Грчеви и болка во мускулите

Калиумот е многу важен за нормална контракција на мускулите, па кога го нема во доволни количини во организмот, често доаѓа до грчење и болка во мускулите.

Прескокнување на срцето

Навистина е застрашувачки кога срцето ќе почне, без очигледна причина, да прескокнува и силно да чука. На тоа можат да влијаат бројни нешта, а една од нив е и недостигот на калиум.

Вртоглавица

Големиот пад на нивото на калиум може да ја забави работата на срцето до таа мерка, што да почувствувате силна вртоглавица и да се онесвестите. Тоа не е вообичаено и многу други фактори можат да бидат причина, но ако ви се случи ова, морате најбрзо што можете да се јавите на доктор.

Констипација

Звучи лудо, но ниското ниво на калиум ги забавува другите телесни функции, а од тоа не е исклучен ниту вашиот систем за варење на храната. Можат исто така да се појават и надуеност и грчеви во стомакот. Секако, недостигот на калиум не е единственото нешто кое може да влијае на тоа.

Пецкање и трнење

Калиумот е неопходен за здравје на нервите, па неговиот недостиг може да влијае да се појави пецкање и трнење во рацете и нозете, како низ телото да ви поминува струја.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина