За сите оние кои мака мачат со мозолките и акните, доволно е да се погледне мапата на лицето, која укажува на одредени здравствени проблеми за кои не сме се сомневале дека ги имаме. Со помош на оваа мапа и со гледање на вашето лице дерматолозите можат да воспостават дијагноза. Ова е популарен метод кој потекнува од древната кинеска медицин, која се фокусира на различни области на лицето и која според локациата на мозолките докторите заклучуваат што е мистериозниот проблем кој се наоѓа под кожата или длабоко во телото.

 

Чело

 

Акните на челото можат да бидат предизвикани од бројни проблеми, вклучувајќи проблеми со варењето, танкото црево, црниот дроб, високото ниво на стрес, нередовното спиење, лоша диета, дури и реакција на некој производ за коса. За да се изборите со акните на челото, неопходни ви се седум часа сон, доволно внесување вода поради чистење од токсините, обраќање внимание на исхраната за да утврдите дали ги предизвикува одредена храна и следење дали ги предизвикува некој шампон. Одбегнувајте сокови и слатки.

 

Веѓи и помеѓу веѓи

 

Акни во пределот околу очите можат да се појават поради лоша циркулација, проблеми со жолчката, поради масна храна, преработки и алкохол. Сепак, консумирањето вода е од суштинско значење.

 

Нос

 

Акни на носто можат да бидат знак за лоша исхрана, констипација, надуеност, нарушување во работата на органите за варење, лошо варење или слаба циркулација. Витаминот Б, помалку зачинета хрна и масирање на површината на носот можат да ги ублажат акните.

 

Образи

 

Образите можат да се соочат со мозолки поради проблеми со белите дробови, црниот дроб, прејадување, стрес, стомачни проблеми, валкани мобилни телефони, валкани перници или четки за шминкање. Важно е кожата да се чува секој ден, посебно ако средината е загадена. Менувајте ги почесто навлаките за перниците и бришете ги екраните на мобилните телефони.

 

 

Усни

 

Акните на овој дел можат да бидат предизвикани од запек, консумирање пикантна и пржена храна или како реакција на одредена паста за заби. Зголемено консумирање влакна, овошје и зеленчук може да и помогне на кожата во овој случај.

 

Брада

 

Причини за појава на мозолки на брадата можат да бидат гинеолошки и хормонски проблеми, лошо работење на бубрезите, пречесто фаќање на брадата со рацете или несоодветна паста за заби. Одмор и внесување вода многу помага во спречување на нивното настанување на тоа место. Можете да земате и омега-3 масни киселини за да ги оддржите хормоните во рамнотежа. Имајте на ум да не го допирате лицето со раце, освен ако претходно не ви се измиени.

 

Уши

 

Тие се блиску поврзани со бубрезите. Ако бубрезите не функционираат правилно, на површината на ушите може да се појават големи и упорни мозолки. За да се одбегне тоа, се препорачува многу вода и одбегнување на кофеин и сол.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина