Повеќето намирници како што се ГМО храната, пуканки од микробранова печка, конзервираната храна, црвеното месо од скара, шеќерот, индустриски произведената – насолена, накиселен и чадена храна, газираните пијалоци, белото брашно, месните преработки и т.н. light и намирниците без маснотии содржат адитиви и се јадат во количини кои можат да бидат ризични по здравјето.

 

 

Индустриско производство

 

 

Адитивите се употребуваат во индустриското производство на храната, a вообичаено самостојно не се консумираат, ниту се типична состојка на храната, туку се соединенија со одреден хемиски состав, кои и се додаваат на храната во текот на производството, подготовката, обликувањето, пакувањето, транспортот и чувањето на храната.
Иако ги поминуваат сигурносните проверки, многу од нив се сметаат за шттени, посебно во поголеми количини. Тоа значи дека ако секојдневно јадеме намирници кои содржат високо ниво на адитиви, постои опасност по здравјето. Некои од нив дури се сметаат и за канцерогени.

Исто така, при преработка на храната на високи температури настануваат штетни продукти, т.н. акрил амиди, кои се исто така канцерогени. Најмногу настануваат во храната богата со јагленохидрати, како што е компирот, од кој со пржење се добива чипс и помфрит. Хајката врз белото брашно денес се поврзува со содржината на глутен. Меѓутоа, сите намирници кои при процесот на производство се избелуваат и се подложуваат на висока преработка можат да станат потенцијално штетни, бидејќи често заостануваат материи кои се користат за тие постапки.

Освен тоа, високопроцесираната храна е обично нутритивно сиромашна, што е уште еден ризик за организмот. Со нутритивно сиромашната храна не внесуваме доволно заштитни материи, кои се неопходни за здравјето на организмот. Намирниците без маснотии многу често содржат во себе висока содржина шеќери или сродни материи со цел да се надоместат вкусот и аромата кои со отстранувањето на маснотиите обично ги губиме. Токму ова се смета за основен виновник за развој на дебелината во развиените земји, каде разни видови шеќери станале вообичаена состојка на речиси сите видови храна. А не треба да заборавиме дека вишокот шеќер се претвора во масти.

 

 

Развој на дијабетес тип 2

 

 

Храната која е богата со прости шеќери има висок гликемиски индекс и го оптоварува панкреасот да лачи инсулин. Со тек на време, може да дојде до инсулинска резистентност и до развој на дијабетес тип 2. Порано овој тип на дијебетес се поврзувал само за постарата популација, но денес тој се појавува и кај помладите, што е последица од неадекватната исхрана, недостигот на физичка активност и големите количини високо процесирана храна.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина