alkohol1

Алкохолот е најчесто употребуваната дрога во светот, а статистиката покажува дека повеќе луѓе завршуваат во брза помош заради алкохол отколку за било која друга супстанца. И покрај ова, истражувањата покажуваат дека помалку од 60 отсто од алкохоличарите сфаќаат дека нивното пиење сериозно им го загрозува здравјето. Една од причините за ова е фактот дека многу луѓе веруваат во неколку митови за алкохолот, кои се невистинити.

 Мит 1: Можете да пиете еден пијалок на час, и да седнете зад воланот

Веројатно сте слушнале за оваа теорија дека нашето тело природно може да свари(обработи) еден пијалок за еден час. И затоа многу луѓе мислат дека е во ред да пијат со ова темпо, а после тоа да седнат зад воланот и да возат до дома.

Сепак, ова не е точно, бидејќи на организмот всушност му се потребни два часа за во целост да го обработи алкохолниот пијалок . Па така, ако пиете еден пијалок на час, со секој нов час ќе станете попијани .

Брзината на метаболизмот на алкохолот е постојана , а вие многу лесно може да пресметате и колку долго би му било потребно на вашето тело да го обработи пијалокот. Просечната брзина е 100 милиграми алкохол по килограм телесна тежина по час. За човек од 72 килограми, тоа значи седум грама алкохол на час. А 350 милилитри пиво содржи 14 грама алкохол – значи, на телото му требаат два часа за да го обработи.

Мит 2: Можете брзо да се отрезните доколку морате

Светските експерти се согласни дека ништо не може да го забрза процесот на отрезнување, па дури ниту кафето или студениот туш . Значи, ако сте се напиле, единственото нешто што можете да го направите е да почекате.

Особено, би требало да избегнувате кафе, бидејќи кофеинот е стимуланс, па личноста ќе се почувствува повеќе будна, но сепак ќе биде подеднакво пијана. Всушност, ова е опасно, бидејќи на пијаниот човек може да му даде лажно чувство на трезвеност и безбедност, а луѓето во овие ситуации можат да донесат опасни одлуки (како седнување зад воланот ).

Мит 3: По првото одење во тоалет, цело време ќе ја имате оваа потреба

Ова е уште еден многу популарен и широко распространет мит, особено меѓу оние кои сакаат да пијат пиво. Всушност, некои луѓе веруваат дека треба што е можно подолго да ја одложуваат првата посета на тоалетот, бидејќи после тоа ќе имаат потреба да одат цело време.

Вистината е дека од алкохолот секако ќе одите почесто во тоалет, бидејќи пијалоците влијаат на тоа во нашето тело да се ослободува хормонот вазопресин, кој пак влијае на тоа да имаме повеќе течност во мочниот меур. Алкохолот е исто така и диуретик, па затоа ќе ” не тера” во тоалетот.

Всушност, кога пиете алкохолни пијалоци, од секоја клетка во вашето тело се истиснува повеќе вода и сета оваа вода оди директно во мочниот меур. Значи, да, од алкохолот почесто ќе мокрите . Но, не, тоа нема никаква врска со тоа кога за прв пат ќе го посетите тоалетот или колку долго ќе се натерате себеси да трпите.

Мит 4: од мешањето на пијалоци ќе ви биде многу лошо

Уште еден многу чест мит, и речиси и да нема човек кој не мисли дека ова е вистина. Сепак, меѓународните експерти сметаат дека мешањето на пијалоци нема никаква врска со крајниот резултат . Имено, луѓето кои пијат пиво, а потоа преминуваат на жестоки пијалоци, утредента се гневни на жестоките пијалоци, мислејќи дека проблемот лежи во мешањето на пијалаци. Вистината е дека тоа нема никаква врска со видот на алкохолот, туку со вкупното количество на алкохол кој сте го внеле во организмот. Значи, потполно не е важно дали ќе пиете само пиво или пиво и ракија, многу е поважно колку вкупно алкохол ќе внесете во организмот.

Мит 5 : Од пивото ќе добиете пивски стомак

alkohol4

Се разбира, пивото може да доведе до создавање на масни наслаги на стомакот . Но истото може да се случи и од било што, кое го консумирате во неумерени количини.

Пивскиот стомак не мора да значи дека пиете премногу пиво, но секако значи дека консумирате премногу од некоја намирница.
Овие стомаци се јавуваат кај луѓе кои консумираат повеќе калории отколку што можат да потрошат во текот на еден ден. Се разбира, пивото има многу калории и може да допринесе за ваквиот изглед, но не е секогаш во прашање пивото.

Мит 6: Пијалокот ќе ви помогне да заспиете

alkohol3

Неколку пијалаци пред спиење дефинитивно ќе ви помогнат побрзо да заспиете, но ваквиот сон набрзо ќе стане прекинат и немирен . Судејќи според истражувањето од 2013 година , алкохолот обично го нарушува сонот во РЕМ фазата од спиењето . Ова значи дека, кога спиете пијани, поминувате помалку време во најважната фаза на спиењето.

Мит 7 : Решението е во таблетите против мамурлак

Денес во аптеките низ целиот свет, па и кај нас , може да се најдат разни апчиња и други препарати кои наводно помагаат да се излечи мамурлакот. Сепак, не постојат никакви научни и медицински докази во прилог на ваквите таблети. Всушност, тие се обично преполни со витамини, но без оглед на тоа колку витамини ќе внесете, тоа нема да ви помогне против мамурлакот. Затоа, не трошете пари на ваквите лаги.

Мит 8: кајгана со сланина и сирење е вистинскиот лек за мамурлакот

Всушност, не постојат никакви докази дека одреден оброк по лудата забава може да ви помогне.

Но, секој човек кој сака да се напие има некој свој омилен оброк, а овој е токму еден од најпопуларните.

Сепак, иако овој оброк нема да ви наштети ( освен ако не сте на диета ), експертите препорачуваат да посветите поголемо внимание на јадењето пред и за време на консумирањето на алкохолот.

Ако добро јадете пред пијалокот, или ако за време на пиењето мезите нешто, тоа ќе ја намали апсорпцијата на алкохол во вашиот организам, па помала е веројатноста дека ќе ви стане многу лошо.

Мит 9 : Губењето на сеќавањата од алкохолот е сосем во ред

Сите барем еднаш сте слушнале како некој се фали за тоа колку испил минатата ноќ, и како не се сеќава на ништо од целата вечер. Луѓето зборуваат за тоа на таков начин, како онесвестувањето или губењето на меморијата да е нешто најнормално. Всушност, ситуациите во кои се губат сеќавањата се опасни по живот , затоа што тогаш доаѓа до труење со алкохол.

До ова доаѓа кога ќе испиете толку алкохол да буквално го замолчите централниот нервен систем. Иако губењето на помнењето не е страшно и опасно по живот, исто така можете да се напиете во таа мера што мозокот ќе престане да испраќа некои основни импулси – за кашлање, дишење, повраќање. Така, најчесто доаѓа до смртни случаи со задушување со сопствената повраќаница .

Затоа, пијте и уживајте, но секогаш имајте на ум дека претерувањето може да биде фатално .

Тагови: алкохол
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.