Умереното консумирање на алкохолни пијалоци е добро за здравјето. Неодамнешните истражувања покажале дека пивото, посебно црното, има големи предности за здравјето и убавината на жените. Еве зошто не е лоша идејата да се испие по една чашка пиво по напорниот работен ден.

1.Ги јакне коските

Жените кои пијат по две чаши пиво дневно имаат посилни коски од жените кои не уживаат во овој пијалок. Овие тврдења се резултат на истражувањата на Националниот колеџ по натуропатска медицина од Орегон, објавено во списанието Natural Medicine Journal. Истражувањето покажало дека пивото содржи значајни количини биоразградлив силициум, кој е еден од важните елементи од кои се изградени коските. Умереното консумирање на пиво посебно им се препорачува на жените кои се во менопауза, периодот кога се намалува густината на коските.

2.Ги јакне бубрезите

Научниците од Финска го одделиле пивото од останатите алкохолни пијалоци, бидејќи откриле дека во значителна мерка го намалува ризикот од појава на камен во бубрезите.

3.Го подига нивото на витамини

Оние кои пијат пиво имаат за 30% поголемо ниво од витаминот Б6 во крвта од оние кои не го пијат и двојно повеќе од оние кои пијат вино. Пивото содржи и витамин Б12 и фолната киселина.

4. Има антивоспалителни својства

Пивото е одличен извор на витамини и минерали, како што се магнезиумот, калциумот и селенот, кои го штитат телото од сезонските воспаленија. Освен тоа, содржи бројни антиоксиданси, кои го јакнат имунолошкиот систем.

5.Ја разубавува кожата

Пивото е одличен извор на витамини Б-комплекс (тиамин, ниацин, рибофлавоин, пиридоксин, пантотенска киселина, биотин, фолна киселина и кобаламин), кои се задолжени за убава и затегната кожа, а помага во одржувањето на тонусот на мускулите и му дава енергија на целото тело. Со оглед на тоа дека храната не апсорбира доволна количина од овој витамин, треба да се дополни со други средства.

 6.Ја намалува надуеноста на телото

Истражувањата имаат докажано дека црното пиво има повеќе хранливи состојки од светлото пиво. Во 350 мл. црно пиво има повеќе од 1 гр. диетални влакна, кои го обезбедуваат здравјето на дигестивниот тракт, затоа што ја намалуваат надуеноста и запекот.

7.„Го убива пролетниот замор

Се чувствувате заморно и раздразнето? Тоа е веројатно последица на пролетниот замор, кој е поврзан директно со недостигот на железо. Овој минерал тешко се апсорбира од храната, па треба на други начини да се консумира. Црното пиво е одличен негов извор. 

8.Го штити срцето

Умереното консумирање на пиво го зголемува добриот холестерол, а го намалува лошиот, ја разредува крвта и на тој начин го намалува ризикот од срцев удар. Едно италијанско истражување покажало дека жените кои пиеле по едно пиво дневно имале 42% помал ризик да добијат кардиваскуларни болести од оние кои не го пиеле воопшто. Освен тоа, умерената консумација на алкохол го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

9.Го хидрира телото по вежбање

Заборавете на енергетските пијалоци после вежбање и напијте се една чаша пиво. Шпанските истражувачи од Универзитетот во Гранада докажале дека пивото има подобар хидрирачки ефект од обичната вода, кога телото ќе достигне повисока температура за време на вежбањето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина