Се што јадете и пиете делува на кожата – во позитивна или во негативна смисла. Исхраната подеднакво е важна за нега на кожата како и разните anti-age креми и тоници. Брчките, сувоста, недостигот на еластичност и дамките се природа последица од стареењето, а негувањето на кожата ,,одвнатре,, може да ви помогне да го забавите биолошкиот часовник.

 

Ова се 9 намирници чие консумирање треба да се намали ако сакате што подолго да го задржите младешкиот изглед.

 

Шеќер

 

 

Големи количини шеќер можат да поттикнат несакан хемиски процес во организмот. Кога се јаде повеќе одошто нашите клетки можат да го преработат, вишокот се спојува со белковините во процес наречен гликозилација. Производите на овој процес можат да доведат до оштетување на колагенот – белковини кои и даваат младешпки изглед на кожата.

 

 

Пресолена храна

 

Иако внимавате колкава количина сол ставате при подготовка на храната, тоа сепак не гарантира дека автоматски е низок. Обратете внимание на намирниците кои се посолени отколку што мислите, односно посолени отколку што можете да вкусите. Храната која содржи сол предизвикува задржување на течностите во организмот и отеченост.

Транс незаситени масти

 

Освен што го зголемуваат ризикот од срцеви болести, мастите можат да и наштетат на вашата кожа. Тие поттикнуваат воспаленија кои можат да го оштетат колагенот и да не направат чувсвителни на ултравиолетовите зраци, што е прв знак за стареење на кожата. Задолжително одбегнувајте ги производите на чиишто етикети, меѓу другите состојки, е наведено делумно хидрогенизирано масло.

Нездрави јагленохидрати

 

Намирниците богати со прости јагленохидрати можат да го оштетат колагенот и влакната на кожата. Белиот леб, рафинираните житарки и тестенини од бело брашно имаат висок гликемиски индекс (ГИ). Оваа храна е поврзана со појавата на акни, бидејќи во телото доаѓа до пораст на гликозата и инсулинот, покажала студијата на Харвардската школа за јавно здравство. Наместо едноставни јагленохидрати, посегнете по сложените, кои ги има во производите од цело зрно.

Кафе

 

Најраспространетиот стимулативен напиток е штетен за кожата и забите поради високиот степен на киселост. Киселите пијалоци можат да создадат микроскопски пори на површината на глеѓта и да доведат до нејзина ерозија. Затоа пожелно е по пиењето кафе да се испие чаша вода, бидејќи водата има неутрална pH, па ја измива киселоста.

 

Енергетски пијалоци

 

Овие пијалоци се всушност богати со кофеин, таурин и шеќер и привремено можат да направат да се чувствувате полетно и живо, но всушност се извор на бројни ризици и опасности по здравјето. Тие се исто така особено многу кисели и им штетат на забите и на забната глеѓ.

 

Алкохолни пијалоци

 

Алкохолот освен што е штетен за црниот дроб, исто така и ја старее кожата. Ако црниот дроб е наслабнат и не функционира соодветно, исфрлајќи ги токсините од организмот, тоа може неповолно да делува на здравјето и да доведе до прерано стареење. Токсините се трупаат и кожата може да развие проблеми, како акни и брчки.

 

 

Алкохолот покрај тоа дехидрира и шттено влијае врз сонот, што се поврзува со забрзаното стареење. Неквалитетниот сон се поврзува со брчките, неизденачената пигментација и намалена еластичност на кожата.

Претерано зачинета храна

 

 

Силно зачилената храна може во текот на менопаузата да им штети на жиличките во кожата, кои во тоа животно доба се многу чувствителни. Зачинетата храна ги проширува крвните садови, па жените во менопауза го забележуваат веднаш на кожата влијанието од оваа храна.

 

 

Месо и месни преработки

 

Постојат многу причини зошто треба да се одбегнуваат месните преработки, бидејќи стареењето е една од нив. Саламите, колбасите и сланината содржат сулфити и други конзерванси, кои можат да поттикнт воспалителни процеси на кожата и нејзино забрзано стареење. Тие често содржат и многу сол, што може да доведе до отеченост. Преработеното црвено месо е поврзано со зголемениот ризик од васкуларни болести.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина