dieta_naslovna

Секој час се појавува некоја нова диета, а со тоа и некој нов производ, кој оние кои го измислиле заработуваат доста добри пари. Пред да започнете со некоја диета, добро истражете. Прочитајте ги деветте најлуди и најчудни диети досега смислени.

1 ) Очила за слабеење

Пред неколку години, во Јапонија беше популарна диетата која се базира на тоа дека оние кои сакаат да изгубат на тежина треба да носат наочари во сина боја за време на оброците. Целта на овие очила е да ја направат храната помалку привлечна. Бидејќи малку намирници од природата се во сина боја, луѓето храната во сина боја обично ја сметаат за нездрава и потенцијално опасна . Единствено е штета што наочарите не ги спречуваат гладните луѓе да го почувствуваат мирисот на храна.

2 ) Губење на тежината со спиење

Една диета им налагала на оние кои сакаат да ослабат – повеќе сон. Точно е дека добриот сон и ноќното спиење го спречува зголемувањето на телесната тежина, бидејќи ја регулира работата на одредени хормони кои влијаат на природното губење на тежината, но во овој диетен план потребно било лицето да спие 20 часа дневно неколку дена по ред. Паролата на оваа диета е секако ” додека спиете, не јадете . ”

3 ) Слабеење со јадење храна за бебиња

Пред неколку години беше популарна диетата која се базира на јадење на храна за бебиња. Во диетата е дозволено внесување на било каков вид на храна за бебиња. Оние кои биле на диетата смееле да јадат овошје, зеленчук и некои видови месо : мисиркино, пилешко и говедско месо. Сепак, некои суштински намирници се исфрлени од пирамидата на исхрана, како што се мешунките и житариците. Истражувањата покажаа дека оваа диета не е добра, бидејќи во диеталното мени се изоставени основните хранливи материи.

4 ) Диета со зелка

Ветувајќи 5 килограми помалку во рок од една недела, оваа диета привлече многумина . Во нејзе не беа ограничени калориите и јаглехидратите, ниту пак беше одреден определен план за вежбање. Главниот трик се состоеше од јадењето на супа од зелка, која требаше да се јаде секој ден. Сепак, експертите заклучија дека ваквата диета не е добра, и не може да се опстане долго со овој план на исхрана.

5 ) Шиење на јазикот

Овој опасен план за слабеење вклучува шиење на мрежа за јазикот. Оваа процедура чини околу 2000 $, но таа е чудна и од многу други аспекти. Поради шиењето, џвакањето е многу болно и затоа лицето се одлучува главно за течна храна. Непотребно е да се каже дека ова е крајно опасно , затоа што луѓето на овој начин не внесуваат доволно калории и хранливи материи.

6 ) Наизменичен пост

Овој радикален режим ви овозможува да го јадете она што го сакате. Иако ова звучи многу примамливо, секако дека постои трик. Секоја недела треба да одвоите два посебни дена и во текот на нив, треба да се ограничите на внесување на 500-600 калории дневно. Другите пет дена нема ограничувања. Со постојаните подеми и падови, оваа диета може да доведе до дефицит на хранливи материи.

7 ) Памук диета

Оваа драстична диета стана популарна преку популарниот YouTube во 2013 година. Таа предлага да внесувате 5 топчиња памук, така што ќе ги додадете во сок. Луѓето кои го прават ова за време на оброците јадат помалку, бидејќи мозокот има чувство за ситост. Нема потреба посебно да се истакне колку е опасна оваа диета.

8 ) ” Пијанорексија “

Оваа опасна диета станала особено популарна помеѓу студентите, кои ја нарекле “пијанорексија “. Таа од година в година е се повеќе и повеќе популарна. Со цел да останат слаби, многу девојки од Универзитетите во САД избегнуваат да јадат во текот на денот, за да можат да внесат калории навечер преку алкохолните пијалоци. На овој начин, тие не се здебелуваат и побрзо ќе се опијат , бидејќи пијат гладни. Загрижените истражувачи тврдат дека оваа диета може да предизвика заболувања на црниот дроб, дијабетис и деменција.

9 ) Диета со цигари

Иако секој ден се истакнува штетноста на цигарите, се уште има луѓе кои сакаат да почнат да пушат цигари за да изгубат килограми. Пушењето го намалува апетитот и го стимулира забрзувањето на метаболизмот, па некои пушачи остануваат константно слаби. Но оваа нездрава навика како метода за слабеење секако дека не е добра идеја.