Доколу спаѓате во онаа група на луѓе кои не сакаат да се потат во теретана и во круг да прават исти број вежби и повторувња, погледнете во продолжение како да останете привлечни и затегнати дури и ако не одите во теретана…

1. Почнете да трчате
Сигурно веќе сте помислиле дека полесно ќе се натерате себеси да поминете еден час време во теретана отколку во трчање, но ако ви кажеме дека овој вид рекреација може да биде исклучително интересен доколку имате друштво или, уште подобро, личен тренер, ќе го смените мислењето. Распрашајте се дали во вашиот град постојат клубови за трчање, каде ќе трчате во група низ интересни предели, а притоа ќе го затегнете секој мускул на телото.

2. Возете велосипед
Бициклизмот е одлична замена за кардиоваскуларниот фитнес и одличен начин за да го зајакнете своето тело без да ги оптоварувате зглобовите. Всушност, пролетните и летни денови се како создадени за уживање во природа и возење велосипед.

3. Пливање во студена вода
Пливањето на море, покрај егзотични плажи и на високи температури делува како сценарио и тренинг од рајот. Меѓутоа, овојпат треба да пробате нешто сосема друго. Едно истражување потврдило дека капењето во студена вода ги регулира крвниот притисок, холестеролот, го зголемува либидото и плодноста кај жените. Секако, не треба да се претерува, но повременото пливање на некоја река или во олимписки базени со студена вода ќе биде одлично за здравјето и за фит тело.

4. Шетање
Нема ништо подобро од чист воздух, природа и пешачење, нели? Опремете се со соодветна облека, подгответе си оброк, повикајте го најдобриот пријател или партнер и тргнете во подолга прошетка. Ако одберете некоја ридеста локација, можете да потрошите одлични 500 калории за само еден час.

5. Продружете му се на некој тим
Ако не можете да се замислите себеси во теретана, можеби попривлечно ќе ви биде да се занимавате со некој спорт или танц. Никогаш не е доцна да почнете активно да се занимавате со некоја рекреација. Едно канадско истражување утврдило дека тимските спортови го намалуваат стресот, а не треба да кажуваме колку тоа ќе биде одлично за вашето тело и кондицијата.

7. Усвојте здрави навики
Кога било која активност ќе стане рутина, ќе почнете да се чувствувате за усвојување на друг здрави навики (доволно сон, оставање на цигарите, здрав план на исхрана). Истражувањата покажале дека вежбањето во рана зора го забрзува метаболизимот и дава дополнителна енергија, правејќи го денот значајно попродуктивен.

8. Протеини и влакна
Протеините и влакната го држат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат чувствот на глад. Затоа, немојте да подлегнете на желбата да гицкате нездрава храна и грицки кои дебелеат.

9. Одбегнувајте алкохол
Она што пиете можно да биде погубно за вашата линија и да ви ги урне сите одрекувања и придржувања за постигнување и задржување одлична линија. Посебно внимавајте на коктелите, бидејќи се прават со сокови полни со шеќери и алкохолни пијалоци, па така без да знаете ќе внесете еден куп калории. Одберете чаша црно вино или – вода!

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина