Колку навистина знаете за грлото на матката? Многу жени не знаат што е тоа, а не знаат поради тоа што не можат да го видат. Значи, следниве девет факти претставуваат основни факти кои секоја жена треба да ги знае.

Сместено е помеѓу матката и вагината. Грлото на матката, кое е долго околу пет сантиметри, се наоѓа на дното од матката, а на врвот од вагиналниот отвор.

  • Има многу важна улога во размножувањето. Кога жената ќе забремени, грлото го ,,задржува,, фетусот во матката додека не дојде време за породувањето, кога контракциите доведуваат до негово ширење за десет сантиметри, и да може бебето да помине низ родницата.
  • Исклчително е еластичноВо бременоста, проширеното грло на матката значи дека породувањето е започнато. Дури и кога ќе се рашири за десет сантиметри за да се овозможи ,,минувањето,, на бебето, тој се враќа назад, во првобитната состојба и заздравува.
  • Тоа е место каде се ослободува менструацијатаКога жената не е бремена (или во менопауза и постменопауза) тогаш има менструација. Но, она кое не го знаете е тоа дека токму грлото на матката и овозможува на крвта да го напушти телото.
  • Се обидува да ја заштити плодностаГрлото на матката е првата линија на одбраната против сексуално преносливите заболувања кои можат да доведат до стерилитет.
  • Хуман папилома вирусот (HPV) е причина за најголемиот број случаи на рак на грлото на матката. HPV е една од најчесто сексуално преносливи преносливи болести. Истражувањата покажуваат дека околу 80% од женската популација се инфицираат со овој вирус пред педесеттата година од животот. Вирусот може да ги промени клетките на грлото на матката и, во текот на годините, овие промени можат да доведат до рак, ако не се открие и не се лекува.
  • Ракот на грлото на матката многу лесно може да се спречиСо редовни прегледи и рано лекување, ракот на грлото на матката е еден од најизлечливите видови рак кај жените. Сите жени, почнувајќи од дваесет и првата година од живото, треба да прават Пап тест за откривање на присуството на абнормални клетки. Жените постари од триесет години можат да направат и Хпв тест, а негова цел е да се откријат специфични видови ХППВ кои можат да доведат до рак на грлото на матката.
  • И други инфекции можат да го нападнат грлото на матката. Хламидијата и гонорејата обично делуваат на тоа. Ако не се лекуваат, овие инфекции можат да доведат до воспаление на малата карлица, заболување кое може да доведе до сериозни компликации на плодноста.
  • Пушењето штети на грлото на матката. Истражувањата покажуваат дека жените пушачи се под двојно поголем ризик од настанок и развој на рак на грлото на матката во однос на оние жени кои не се пушачи. Поради пушењето, имунолошкиот систем е помалку ефикасен во борбната со HPV. Нус-производите од тутунот можат да се најдат во цервикалната слу на жената пушач, а научниците веруваат дека овие супстанции можат да ја оштетат ДНК на клетките на грлото на матката, придонесувајќи за развој на ракот во него.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина