citati_1

Прочитајте ги инспиративните цитати за телото и самодовербата кои со вас ги споделија познатите актерки, манекенки и спортистки.

# Сакам жените да знаат дека тие можат да носат облека со било која големина и да бидат убави и одвнатре и однадвор. Секогаш други ни говореле што е убаво, а што не е. Тоа секако не е во ред

– американската тенисерка и актуелен светски број 1 во тенисот- Серена Вилијамс .

# Нема потреба да се величи само еден тип тело, а да се омаловажуваат другите. Мораме да престанеме со оваа апсурдна омраза кон телата само затоа што тие се со различни големини. Тоа никому не помага. Само фокусирајте се да бидете најдобри што можете и да престанете да се грижите за вашите бутови, нема ништо лошо во нив

– манекенката Џени Ранк .

# На младите жени би им порачала да не се грижат толку многу за својата тежина. Девојките трошат премногу време во размислување за тежината , а постојат и подобри работи. На младите мажи и жени би им порачала дека нивната сила вистински се состои во она што е различно или чудно кај нив. На пример, јас порано го мразев својот нос. Сега веќе не

– актерката Мерил Стрип.

telo_1

# Сите девојки може да бидат убави – слаби, полни, никси, многу високи, црни, бели, необични , несмасни, срамежливи … Меѓутоа, тоа не е лесно, бидејќи луѓето сеуште се ограничени на припаѓање во некои тесни рамки на убавина … излезете од таа кутија. .. Погледнете се во огледало и пронајдете ја уникатната убавина во себе

– моделката Тајра Бенкс.

# Вистинската убавина доаѓа од душата. За да се промените себеси, мора да ја промените и вашата суштина

– манекенката Али Тејт.

# Дебелината е опасен збор. Но, ако го користите доволно често, тој ќе стане само една од вашите особини. Порано, за себе велев дека имам облини. Затоа секогаш се вознемирував кога луѓето ќе ме наречеа дебела. Признавањето, меѓутоа, ми даде сила : Да, јас сум можеби полничка, но исто така имам многу други особини кои може да ви ги претставам

– манекенката Тес Мунстер.

# Како што растев, никогаш не се чувствував пријатно со моите облини, но кога добив можност да станам plus size модел , почнав да го ценам своето раскошно тело и да се сакам себеси, не само однадвор, но и одвнатре

– моделката Хајли Хаселхоф.

Голема самодоверба доаѓа од внатре, тоа е топла и прекрасна

– моделката Ема .

Се што можам да кажам е дека единствениот човек кој може да ве донесе до целта сте вие самите . Ако верувате во себе и другите ќе веруваат . Бидете горди на тоа што сте и не се менувајте за никого

– моделката Дениз Бидот .