Кај мажите е релативно лесно да се препознае кога штотуку имале секс. Чекорат половина метар над земјата, свиркаат и ги поздравуваат оние кои обично ги одбегнуваа. Но, како стојат работите со жените? Како да препознаете дали и таа имала ,,акција,, минатата ноќ, освен ако не чекори чудно, има неуредна коса, модрица на вратот или размачкани остатоци од шминка? Еве ги одговорите на сето ова.

1. Попривлечна е

Колку повеќе има сексуални активности во животот, толку женското тело повеќе ги лачи хормоните феромони, кои се хемиски гласници, чија цел е да го привлечат спротивниот пол.

2. Посреќна е

Истражувањата извршени врз 15.000 испитаници покажало дека оние кои имаат секс два пати или три пати неделно, се за 55% посреќни од оние кои се во период на ,,суша,,. Затоа внимавајте на овие знаци, посебно ако е посреќна од вообичаено. Хормонот окситоцин ја прави позадоволна. Онаа жена која штотуку имала секс не се жали многу и не протестира. Таа не ги забележува секојдневните глупости кои инаку ја нервираат.

3. Попривлечна е

Научниците докажале дека човековото тело е далеку поздраво кога практикува секс. Мускулите се раздвижуваат, крвотокот повеќе циркулира, што е секогаш подобро. Ако ви изгледа попривлечно од инаку, а нема запишано никаков нов крс за вежбање, знајте за што се работи.

4. Наспана е

По оргазмот, жените лачaт околу 30% повеќе од хормонот пролактин, кој е задолжен за полесно запаѓање во длабок сон. Длабокиот сон е добар сон. Ако видите дека е наспиена и подготвена за работа, можеби одлично се наспала после сексот.

5.Има сјај во очите

Динамичното трепкање со очните капаци претставува сигурен знак дека жената само што имала страсни моменти во кревет. За време на сексот доаѓа до забрзано дишење и потребно е време за да се смири организмот и да се врати во нормален ритам.

6.Има желба за допири
Сексот доведува до зголемено лачење на окситоцинот, што наведува дека таа личност сака да ја допираат и самата таа допира повеќе од вообичаено. Ако подолго ве прегрнува наутро од вообичаено и има желба да ве помилува по косата, јасно ќе знаете за што се работи.

7.Уморна е, но не сака да спие
Иако е лек за сите проблеми, сексот знае да го наруши сонот. Сексуалната енергија која зрачи при тој чин прави повеќето луѓе да не можат да заспијат. Со рапав глас ќе ви се насмевне и ќе ви каже дека е уморна, што веднаш ќе ви биде сомнително, бидејќи нејзината уста и сјајот во очите кажуваат јасно дека се работи за сладок замор

 

8. Ја предава малиот прст од ногата!
Иако звучи неверојатно, но дали една жена водела љубов или не може да се види од нејзините стапала. Со бројни студии е докажано дека оние кои си играле во кревет, следниот ден ќе имаат црвен мал прст на левата нога.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина